Македонија

Вчера само опомени, но од денеска…

Пешаците, возачите на мопеди, тротинети, велосипеди… нема да смеат да користат слушалки во двете уши, мобилни телефони, таблети, смарт часовници и други уреди кои им го одвлекуваат вниманието

Сообраќајната полиција вчера само ги опоменување и ги информираше граѓаните за новините во законот. согласно кои, казната за поминување на пешачки премин со телефон во рака или на уво е 40 евра, а за возење тротинет, мотор или трактор со користење на електронски уред казната е 50 евра.

Законот и измените стапија во сила вчера, но од денеска, се чини, мерките и казните, сепак, ќе стапат во сила.

„НЕ“ со мобилни на пешачки, на мопед или тротинет

Со новите правила, пешаците ќе мора да преминуваат коловоз и велосипедска патека без користење на слушалки во двете уши, мобилни телефони, таблети, смарт часовници и други уреди кои им го одвлекуваат вниманието.

Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата повторуваат дека измените се насочени кон унапредување на безбедноста на најранливите категории учесници и намалување на бројот на сообраќајни незгоди предизвикани од невнимание.

Исто ограничување важи и за возачите на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли, освен ако користат специјализирани комуникациски уреди вградени во заштитни шлемови.

Новите одредби ги опфаќаат и возачите на електрични тротинети, на кои им е забрането користење електронски уреди за време на управување.

Советот истакнува дека ваквите измени поставуваат нови стандарди за одговорно однесување во сообраќајот, со цел да се намали ризикот и да се заштитат човечките животи.

 

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top