„Здружението на граѓани 16ти Март 2025“ објави дека вечерва ќе се соберат пред дискотеката „Пулс“ во Кочани каде пред една година во пожар животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени.
Собирот ќе се одржи во 02:15 часот.
Надеж и храброст – преживеаните од „Пулс“ повторно заедно на кошаркарски терен
– Да застанеме заедно во тишина за нашите 63 ангели. Во 02:32 часот, моментот што засекогаш го промени Кочани, ќе оддадеме почит со минута молк. Нека светлината сведочи дека не забораваме. Нека тишината зборува за љубовта што останува, стои во објавата на Здружението.