Македонија

(Видео): Веднаш уапсени двајца поради поткуп при избори

Министерството за внатрешни работи регистрирало и неколку пријави за агитирање при гласање на повеќе места, но по преземени мерки до овој момент наводите од пријавите не се потврдени.

Локалните избори се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера на територијата на целата држава и досега не се регистрирани посериозни нарушувања на јавниот ред и мир, изјави на прес-конференција портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Гоце Андреевски.

Но, полициски службеници од ОВР Прилеп утрово ги лишија од слобода две лица поради сомнение за поткуп при избори и гласање. Станува збор за Б.Х. (72) и Д.С. (36), двајцата од Крушево, кои биле приведени на улицата „Дабничка“ во Прилеп.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека во врска со истиот настан во Полициската станица Прилеп биле повикани уште пет лица од Крушево со престој во Прилеп – С.А. (28), М.А. (31), Ш.А. (40), Д.А. (22) и Џ.А. (36).

По целосно документирање на случајот, против сите инволвирани ќе биде поднесена соодветна пријава за кривично дело „поткуп при избори и гласање“.

Од полицијата апелираат граѓаните да не подлегнуваат на какви било обиди за изборен поткуп и секој сомнителен случај веднаш да го пријават во најблиската полициска станица или на бројот 192.

Најнови вести од: Македонија

Скопје треба да добие нов саем и жичница од болницата во Козле до Средно Водно

Во однос на нов скопски саем, директорот на СОЗР обелодени дека веќе се бара соодветна локација, а има и заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со објектот. Во врска, пак, со жичницата, рече дека треба да почне постапка за физибилити студија.

Експотпретседателот на ДУИ Бејта се разиде со Ахмети и ќе се трка за градоначалник на Гостивар од Вреди, влегувајќи и во судир со Таравари!

„Немам непријателство со никого во С.Македонија, ниту со Али Ахмети, но Арбен Таравари со години ги навредуваше гласачите на ДУИ!“ – изјави Невзат Бејта, кој ја поднесе денес својата кандидатура за градоначалник на Гостивар како кандидат од редовите на коалицијата Вреди.

Општина Сарај има долг од близу три милиони евра

Во интерната анализа, Општината открила сомнителни договори, неразумни договори и трошоци направени, како што вели Елмази, без милост. Тој порача дека Сарај веќе нема да се управува со логиката на импровизација или со начинот на размислување „некој друг нека го реши проблемот“.

Најнови вести

To top