Македонија

Вељаноски за Поповска: Експратеничка се освестува, а го гласаше Договорот со Бугарија

Експретседателот на Собранието реагира за барањето од експратеничката Уставниот суд да ја оцени уставноста на вториот протокол

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, реагира за иницијативата од бившата лидерка на ДОМ и експратеничка Лилјана Поповска до Уставниот суд за преиспитување на уставноста и законитоста на Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Македонија и Бугарија.

„Читам поранешна пратеничка се освестува и бара Уставен суд да го поништи вториот протокол склучен помеѓу Македонија и Бугарија. Само за потсетување, за да има втор протокол склучен на 17 јули 2022 година од Бујар Османи и Теодора Генчовска треба да има прв протокол, кој е склучен на 10 јуни 2019 година од Никола Димитров и Екатерина Захариева. А за да има протоколи, треба да има договор. За жал, на 1 август 2017, во првите 100 дена од новата влада, Зоран Заев и Бојко Борисов го склучија Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија.

За потсетување, тогашната пратеничка си го гласаше Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, како и многу други договори и акти предложени од владата на Зоран Заев“, коментира Вељаноски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

Велигденска порака на Скопскиот бискуп и Струмичко–скопски епарх Киро Стојанов (ВИДЕО)

Среде вознемиреностa во светот да се молитме за мир и напори да се запре татнежот на бомбите, да се замолчи оружјето и да се даде можност на дијалогот во кој можат да се слушнат гласовите на народите

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

To top