Македонија

Веројатно сфатил дека нема брза промена на власта: Милошоски за мотивите на Груби да се предаде

Пратеникот со три можни причини зошто бегалецот од македонската правда токму сега реши дека е време да се соочи со неа

Пратеникот Антонио Милошоски за Алсат ТВ ги анализираше причините зошто бегалецот од македонската правда Артан Груби решил токму денеска да им се предаде на органите на прогонот на Македонија на граничниот премин Блаце со Косово по речиси 14 месеци бегство од државата.

„Веројатно во изминативе 12 или 14 месеци имал време да процени дека нема да има брзи политички промени на власта во Македонија. Тоа што ДУИ го очекуваше или го најавуваше по нивниот пораз на изборите. И тоа може да биде една и од мотивациите на господинот Груби да не одолговлекува и да се пријави на органите на прогонот“, изјави Милошоски.

Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи дрга причина гледа во тоа што Груби е лице на црната листа на САД.

„Која било земја, каде и да престојувал, без да прејудицирам, не верувам дека е расположена бесконечно да му овозможи гостопримство. Дипломатскиот притисок од една или од друга страна може да биде скап за таа земја која што би била домаќин на еден ваков човек којшто е осомничен“, објасни Милошоски.

Третиот мотив на поранешниот вицепремиер тој го гледа во немањето најдобри релации со власта во Косово.

Најнови вести од: Македонија

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top