Македонија

Весна Петрушевска им се обрати на сите лажни моралисти: Не си присвојувајте туѓи животи

Затоа што сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување и прељуби

Актерката и хуманистка Весна Петрушевска објавува порака до сите кои реагираат на нејзината изјава за љубовна врска со екс претседателот Бранко Црвенковски.

 

,,Да не мислите дека ќе ви молчам на вас лажни моралисти и полусветови ❤️ па колку сте недуховити и олоши 🖖срцки мои сепак ги исполнивте моите очекувања, оти во животот не сум кажала во медиум нешто што не сум сакала.Тоа е само мое, не си присвојувајте туѓи животи, а најмалку пак да судите❤️праќам љубов, најдобри сте”, објави Петрушевска на Фејсбук.

 

,,Затоа што сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување и прељуби, затоа што се потепавте да играте улоги на добри родители, а децата ви се неписмени, затоа што морализирате а подалеку од носот не сте мрднале, затоа што и покрај тоа што е ми се случува во животот јас не престанав да бидам поветена мајка, професорка на илјадници деца кои се пример за ова општество, затоа што се борам за значајни нешта во оваа држава, затоа што имам над 3000 изведби, над 700 тв емисии проекти, вие се фативте за агера кога сум била младо девојче и притоа сама одлучувам да си ја кажам оти ми е гајле што ќе кажете.

Точно знаев дека ќе морализирате оти вие сте чесни, вие не правите ништо освен што сте јаки на тастатура.

Јас исчував деца оставени, сама направив кариера, сама создавам! Се извинувам што не сум светец-светица како вас. Уф ќе заборавев бев и прва на барикадите за накедонскиот јазик и идентиетот, вие веројатно сте имале попаметна работа. Фала многу и пријатно,струја дома не ми плаќате ❤️❤️❤️срцки тие па и неталентирано духовити ❤️”, пишува Петрушевска за сите што ја осудија дека беше искрена кога зборуваше за нејзината младост.

Во продолжение нејзината исповест која дава детали за начинот на кој се гледала со еден од најмоќните луѓе во историјата на независна Македонија

Актерката Весна Петрушевска открива со кој македонски премиер била во едногодишна тајна врска (ВИДЕО)

 

Најнови вести од: Македонија

Водата во Маврово привремено не е безбедна за пиење, поради превентивно чистење на водоводната мрежа

Жителите на дел од Маврово привремено не треба да ја користат водата од градскиот водовод за пиење, поради превентивни активности за чистење на водоводната мрежа, соопшти Јавното претпријатие за комунални дејности „Маврово“. Како што информираат од претпријатието, интервенцијата ќе се спроведе на потегот од селото Маврово до поштата во Маврови Анови, со цел подобрување на […]

Парното греење во Скопје поскапува за 5,96 отсто – просечната месечна сметка повисока за околу 140 денари, ќе се зголеми од 2.353 на 2.493 денари

Од 1 август цената на топлинската енергија за домаќинствата во Скопје ќе се зголеми во просек за 5,96 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Ацо Ристов. На прес-конференцијата, Ристов посочи дека со новата одлука, просечната месечна сметка за парно ќе биде повисока за околу 140 денари, односно ќе се зголеми од […]

Архиепископот на МПЦ-ОА Стефан: Да го чуваме наследството на Свети Климент Охридски, за да се зачуваме и себе си како македонски народ

„Да ги чуваме наследството и споменот на Свети Климент Охридски, зашто само така ќе се зачуваме и себеси. Народот што ги заборава своите духовни учители постепено го губи и чувството за сопствениот пат, за сопствената иднина.“ – порача поглаварот на Македонската православна црква – Охридска Ариепископија Стефан синоќа на Свечената академија „Во слава на словото“ по повод 1.110 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски и 100 години од починувањето на Крсте Петков Мисирков.

Просветителот Свети Климент Охридски, основачот на Охридската книжевна школа – еден од столбовите на македонскиот идентитет и духовност

Македонската држава, православните верници насекаде низ светот, денес го одбележуваат денот на упокојувањето на македонскиот и словенски просветител Свети Климент Охридски. Тој починал на 27 јули 916 година во Охрид. Бил погребан во гробот, што самиот си го подготвил во манастирската црква „Свети Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид. Починал на речиси 80-годишна возраст по долги години просветителска, книжевна и архипастирска дејност. Свети Климент Охридски со своето дело станал духовен и верски светилник на македонскиот народ, но и на сето словенство. Неговата мисионерска, учителска и просветителска дејност во Охрид е продолжение на големото мисионерско дело на Светите македонски браќа Методиј и Кирил. Св. Климент творел врз духовните темели, поставени и осветени од нив како негови учители.

СВЕТОТ НА ДЛАНКА: Како преклопливите уреди на Samsung го трансформираат начинот на кој живееме и комуницираме

Утрото започнува со познатото сценарио што речиси сите го живееме: со едната рака се вари кафето, додека со другата се држи телефонот за да се видат првите утрински известувања.

Тошковски: Војската и полицијата не треба да обезбедуваат водоводи, туку институциите надлежни за овие системи

Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, […]

Ангелов: Уредот за хлорирање во Крушево не работел еден час, поради немање струја, случајот не е како во Гостивар

Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со она што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, кој е раководител и на Главниот штаб за управување со кризи.

Најнови вести

To top