Македонија

Вицепремиерот Николоски со своја и владина поддршка за протестот на превозниците: Ова е навремено предупредување, постојат три решенија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, денес беше присутен на граничниот премин Блаце, по најавата на транспортните превозници за блокада. Тој искажа поддршка за протестот на превозниците. „Причината зошто сум денеска тука на овој граничен премин е за да искажам поддршка во мое име и во име на Владата. Овој протест е предупредувачки протест. Превозниците сакаат да покажат што ќе се случува од 10-ти април натака. Ова е едно предупредување, сметам дека е навремено со цел да се искористат месеците февруари и март и земјите-членки на Шенген зоната да изнајдат решенија.“ – нагласи Николовски.

-Да не заборавиме дека најголем дел од странските инвестиции, не само во Македонија туку и во цел регион, се од земји-членки на Шенген зоната и ЕУ. Тие најчесто овде произведуваат полу-производи кои после тоа ги извезуваат во сопствените земји за да произведат финален производ, рече Николоски. Тој посочи дека во принцип постојат три можни решенија за решавање на овој проблем. 


-Првото решение е да се одложи примената на новиот електронски систем за превозниците, второто решение е да се зголеми бројот на денови кои што можат да ги поминуваат во Шенген зоната превозниците, најмалку на 250 денови, соодветно поделено во циклуси, од сегашните 180. Третото решение е да не се третираат како туристипрофесионалните возачи и превозници, туку да се третираат онака како што треба, како професионалци и врз основа на тоа или да бидат исклучени од овие правила или соодветно со работни визи како што во моментов прави само Швајцарија тоа да се уреди и на тој начин да можат слободно да транзитираат, рече Николоски.

Тој оцени дека сѐ спротивно од ова ќе има големи последици и за македонската, регионалната, но и за европската економија. -Да не заборавиме дека најголем дел од странските инвестиции, не само во Македонија туку и во цел регион, се од земји-членки на Шенген зоната и ЕУ. Тие најчесто овде произведуваат полу-производи кои после тоа ги извезуваат во сопствените земји за да произведат финален производ. Да не зборувам за земјоделските производи, за транзитот, за она што го произведува Грција и исто така оди на север. Да не зборувам за главниот трговски коридор на цела југо-источна Европа, а тоа е Коридорот 10 кој значи економски крвоток на целиот овој регион, рече Николоски.
Тој апелираше уште еднаш да се размисли, да се разгледа можната порака која денес е испратена од земјите од Западен Балкан. -Мислам дека гласно ќе одекне. Ние преку година дена предупредуваме, зборуваме со претставници на Европската Комисија, се обидуваме да објасниме, за жал досега немаа слух. Мислам дека после ова ќе имаат слух, ќе најдат решение со цел да не запре ниту македонската ниту регионалната економија, а и да нема последици по европската економија, порача вицепремиерот.


Засега блокиран е само сообраќајот за тешки товарни возила за излез од државата додека за останатите категории на возила се одвива непречено. Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија дека од денеска ќе почнат седумдневна блокада на граничните премини што одат кон шенген-зоната. Се бара решавање на проблемот со евиденција на престој во шенген-зоната во согласност со правилото 90/180 дена за професионалните возачи.

Најнови вести од: Македонија

МИА: Град Скопје започна постапка за присилна наплата на данок на имот за 2021 година

„Град Скопје започна со постапката за присилна наплата на неплатениот данок на имот за 2021 година, поради тоа што значителен број даночни обврзници и покрај јавниот повик не ги подмириле своите обврски, соопштија од градот.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

„Политико“: Европскиот топ-дипломат Каја Калас ја нарекува претседателката на ЕК Урсула Лаен „диктатор“!

„Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, приватно ја нарекува претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, ‘диктатор’, признавајќи дека ‘нема вистинска моќ да влијае врз неа’.“ – објави бриселскиот аналитички портал „Политико“ во својата анализа со наслов „Петте најтешки работни места во Брисел“. Изворите на „Политико“ посочуваат на „тековните несогласувања и промени на моќта во највисоките ешалони на ЕУ“.

МВР ги објави деталите за казните преку системот „Безбеден град“

Во насока на зголемување на безбедноста во сообраќајот и доследна примена на законите, Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните за прекршоците што се санкционираат преку системот „Безбеден град“ и предвидените глоби.

ВМРО ДПМНЕ: По Србија и Вучиќ на СДС сега им пречат Унгарија и Виктор Орбан, на кои Заев како премиер јавно им се заблагодаруваше!

„Заврши опседнатоста на СДС со Александар Вучиќ и Србија, сега си најдоа нова опсесија. Откако со недели и недели ја труеја македонската јавност со соседната земја, до степен човек да не може да ги разликува дали биле опозиција во Србија, или во Македонија, сега отидоа малку понасевер и се фатија со Унгарија.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Најнови вести

To top