Македонија

Бадниковата поворка кај претседателката, коледарчињата добија пакетчиња

Небаре славејски хор, со озарени лица и блескави насмевки ја поттикаа мојата надеж за подобро утре, напиша Сиљановска-Давкова

Бадниковата поворка и годинава ме посети, носејќи радост и светлина.
Најискрените гласници на верата и мирот – децата, пеејќи за вечниот Бог и Божјата љубов, го најавија Христовото раѓање, објави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

,,Во духот на празникот, ги дарував со Бадникови пакетчиња, а тие, небаре славејски хор, со озарени лица и блескави насмевки ја поттикаа мојата надеж за подобро утре.

Со срца полни со љубов, си посакавме среќен Божиќ и си ветивме дека и понатаму ќе ја чуваме и негуваме вековната традиција”, откри Сиљановска за средбата со коледарчињата.

Најнови вести од: Македонија

Утре уште една евакуација на македонски државјани од Блискиот Исток

Македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) синоќа ги информираше македонските државјани во Бахреин дека утре в (среда) ќе поаѓа автобус од Бахреин за Ријад, од каде со специјален лет ќе се вратат во земјава

ВМРО-ДПМНЕ до Филипче: Совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини не ни требаат

ВМРО-ДПМНЕ остро реагираше на предлозите на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за економски мерки во услови на раст на цените на горивата, оценувајќи дека тој нема никаков кредибилитет да дава совети за управување со кризи.

Претседателката Сиљановска-Давкова во комеморативна посета на Треблинка

Претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, заминува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на свеченото комеморативно одбележување на трагичната судбина на македонските Евреи во време на Холокаустот.

To top