Македонија

(Видео): Формирање на градска градежна инспекција во Град Скопје, најави Ѓорѓиевски

Токму искуството стекнато како градоначалник на Општина Кисела Вода е доказ дека законитоста и редот во урбанизмот можат да се воспостават со систематски пристап и професионални служби.

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави дека една од првите реформи што ќе ги спроведе по преземањето на функцијата ќе биде формирање на градска градежна инспекција – независен орган кој ќе обезбеди еднаков третман за сите и ќе стави крај на селективното постапување во градежништвото.

„Никој нема да има повластувања наспроти некој друг. Она што недостасува во синџирот е Град Скопје да има сопствена инспекција,“ изјави Ѓорѓиевски во гостувањето во утринската емисија „Стадион“ на Канал 77.

Тој нагласи дека токму искуството стекнато како градоначалник на Општина Кисела Вода е доказ дека законитоста и редот во урбанизмот можат да се воспостават со систематски пристап и професионални служби.

„Во Кисела Вода нема ниту еден случај на незаконско градење каде што нашите служби не постапиле,“ потенцираше Ѓорѓиевски, додавајќи дека инспекторите од Кисела Вода често помагале и во други општини на барање на колегите градоначалници.

Како дополнителна опција, тој ја спомена и можноста за централизирани инспекции на ниво на град, со јасна хиерархија и одговорност.
„Целта е да се воспостави ред и професионализам – Скопје да стане град каде што владее закон, а не привилегии,“ порача Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Утре е Велика Сабота – ако го испочитувате овој обичај, сè ќе тргне на подобро

Кога е во прашање овој ден, многу православни верници се во недоумица дали се пости или не. Иако саботата важи за ден кога по правило не се пости строго (туку на масло), свештениците велат дека на Велика сабота треба да се пости исто како и на Велики петок (на вода). На Велика сабота не е добро да се оди во лов и риболов, а се забранува и колење на стока и живина.

Стружани за Велигден негуваат традицијата во која се преплетуваат литургиската свест, симболиката на празникот над празниците и културниот идентитет

Во деновите кога православните христијани со молитва и надеж го очекуваат Христовото воскресение, во охридско-струшкиот регион сè уште живее еден стар обичај длабоко вкоренет во духовната традиција

To top