Македонија

ВИДЕО: Гласање во Идризово и Шутка: Затворениците со свои барања до локалната власт

Во КПУ Идризово и Истражен затвор Скопје

Паркови, зеленило, повеќе паркинг места во општините очекуваат од градочалниците, затворениците кои гласаат денеска. Материјалот за гласање синоќа пристигнал, а утрото точно во седум часот без никакви проблеми почнало гласањето. За гласање во најголемиот затвор во Македонија – Идризово се пријавени 1085 избирачи, а во затворот вкупно има 1281 осуденици. Разликата во гласачите е поради разликата на затвореници кои влегле или излегле од затворските ќелии откако бил затворен избирачкиот список, велат од затворот. Почитувајќи ги насоките на затворските полицајци, затворениците еден по еден го остваруваа своето избирачко право.

Од избирачката комисија во затворот во Идризово велат дека до 11 часот излезноста била околу 12 проценти.

И во притворот во Шутка гласањето почнало навремено и тече во нормален ред, а според избирачкиот список право на глас имаат 411 притвореници и осуденици. Според информациите од затворот, излезноста до напладне била околу 40 проценти. Исто како и во најголемиот затвор во Македонија, така и во Шутка, штитениците се спроведуваат по претходно утврден редослед и затворската полциија се грижи гласањето за нови локални самоуправи да тече без никаков застој.  Гласањето завршува во 19 часот за кога е предвидено затворање на избирачките кутии. Потоа избирачкиот материјал со придружба од полицијата се доставува до општините од каде доаѓаат затворениците,а потоа и до избирачките места.

Најнови вести од: Македонија

Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски, рече известувачот на Европскиот парламент за Македонија

Процесот на пристапување е сопрен, а напредокот во клучните области, особено владеењето на правото и борбата против корупцијата, е недоволен. Со оваа порака, известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, го отвора годинешниот нацрт-извештај за земјава, кој на 26 февруари ќе го презентира пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

Станбениот квадрат отиде во „астрономијата“: Најмногу поскапеле становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година, има во Куманово за 24 проценти, Тетово 22 проценти, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба со по 16 проценти, Центар 14 проценти, а пад на цените на продадени станови има во Гостивар два процента.

To top