Денес е 16-тиот ден од војната меѓу Америка и Израел против Иран. Продолжија тешките бомбардирања на Иран, а Иран возвраќа со ракетни напади и напади со беспилотни летала врз Израел и низ целиот Блиски Исток.
Досега, илјадници луѓе загинаа, главно во напади врз Иран и Хезболах во Либан.
Америка испраќа дополнителни војници и воени бродови на Блискиот Исток, што укажува на понатамошна ескалација на ситуацијата.
Иранските вооружени сили денес го започнаа 54-от бран од операцијата „Вистинско ветување 4“ против израелски и американски цели, вклучувајќи го, за првпат, ракетата „Саџил“, објави Иранската револуционерна гарда (ИРГК).
„54-от бран од операцијата „Вистинско ветување 4“ беше спроведен со употреба на супертешки ракети „Корамшар“ со двотонска боева глава, „Кадр“, „Хејбаршекан“, „Емад“, и за првпат за време на оваа операција, стратешката ракета со цврсто гориво „Саџил“, се наведува во објавата.