Македонија

(Видео): Како изгледаат половина милион евра кеш сокриени во комбе – ги најде кучето од Царина

Царинските службеници забележале преправки на возилото, по што е ангажирано царинско куче, кое сигнализирало можност за криумчарење токму на сомнителното место. Сомнежите дополнително се потврдени по скенирање на возилото од страна на Службата за мобилни скенери. По демонтажа на дел од конструкцијата, инспекторите откриле 500 000 евра во кеш, сокриени во специјален простор во возилото.

Албански државјанин сакал да внесе половина милион евра во Македонија, скриени во бункер на минибус, информираа денеска од Царинската управа. Девизите и возилото се трајно одземени, а за сторителот – Џ.Г., веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд Куманово.

Заплената се случила на граничниот премин “Табановце“, а минибусот е сопственост на туристичка агенција од Албанија, со кој се превезувани седум патници. Парите биле откриени по скенирање на возилото, а биле во 14 проѕирни ќеси. Запленетите пари се предадени на Агенцијата за одземен имот, од каде се депонирани во Народната банка. Станува збор за најголема заплена на пари досега.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top