Македонија

(Видео): Кој беше Борис Трајковски, како загина и што ни остави?!

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље

Денеска се одбележуваат дваесет и две години од смртта на претседателот Борис Трајковски. Сè уште се живи контроверзиите за причините и околностите во кои се случи падот на владиниот кингер со кој државната делегација предводена од Трајковски патуваше на настан во Мостар, Босна и Херцеговина.

Локацијата на авионската несреќа е „Матиќ Брдо“ кај селото Ротимље. „360 Степени“ беше на местото на трагедијата во 2019, од каде пренесовме сведоштва, но ги отворивме и наодите од двете спроведени истраги за причините за падот на владиниот авион. Во продолжение, погледнете ја сторијата, снимена во Скопје, Сараево и Ротимље. Во видеата што ги објави „360 степени“, има и сведоштва и реакции од голем број граѓани.

И додека црвот на сомневањата ќе продолжи да глода по официјалната верзија за тоа што се случи кобното утро кај Ротимље, две декади се доволна дистанца за да се даде оценка за политичкото наследство што го остави Борис Трајковски, особено во денешен контекст. Во продолжение, погледнете го мини-документарецот на „360 степени“, за ликот и делото на Борис Трајковски, емитуван 2024 година. За Трајковски зборуваат неговите советници за национална безбедност Стево Пендаровски и Никола Димитров, како и шефот на претседателскиот кабинет, Зоран Јолевски.

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Цената на дизелот ќе се намали за 2,5, на бензинот за 1,5 денари

цената за евросупер 95 ќе биде 82 денари за литар, за евросупер 98 – 84 денари, а дизел годивото ќе се точи за 95,5 денари, а во овие цени не се пресметани поспустите од 2 односно 3 денари што ги обезбедува Окта за своите коминтенти

ОН: Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да регистрира организација на Македонци

Постоењето на здруженија кои мирно промовираат идеи за толеранција и коегзистенција на различни етнички групи мора да се заштити, дури и ако нивните ставови не се споделуваат од властите или од мнозинството на населението – изјавила Ивон Дондерс, членка на Комитетот за човекови права на ОН

To top