Македонија

(ВИДЕО) Кожа од овен ја заглавила канализацијата на скопската улица „Индира Ганди”

Откриено на што се должи хаваријата во скопската канализација

Градоначалникот на Општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, преку Facebook Live, објави што е причината за запушувањето на главната канализациска линија во Шуто Оризари, пренесе Рома Прес.

Дудуш се осврна на комуналните проблеми и одржувањето на редот во општината. Посебно се осврна на видеото споделено од улицата „Индира Ганди“, каде што беше прикажан проблем со канализациската мрежа.

Според неговото укажување, проблемот настанал бидејќи во канализацијата била фрлена кожа од овен, што довело до затнување.

Засега не е познато кој и каде фрлил кожа од овен во канализациските цевки.

Вјдеото е на Рома Прес

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top