Македонија

Видео од кражба на македонска златара, разбојниците избегале веднаш

Фрлале бодликави жици за да ги дупнат гумите на полициските возила кои ги следеле

Видео од грабеж како во филмовите со бегство кое се случило вечерва во Гостивар објавува порталот Па Цензура.

Автомобилот на крадците бил пронајден изгорен, на локација во Маврово, но крадците сè уште не се фатени од полицијата!

Филмскиот грабеж вечерва се случувал пред околу 1 час во центарот на Гостивар во близина на црквата.

Според првичните информации ограбена е златара од неколку вооружени лица со автоматско оружје, калашников.

Сведоци на инцидентот тврдат дека крадците фрлиле бодликави жици на неколку локации во центарот на Гостивар со цел да ги спречат полициските возила да ги следат.

Видеото на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика, започнуваме постапка за изградба на автопат и од Фариш до Прилеп

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината

Законот за високо образование нема да се повлече, јавнaта расправа продолжува

Министерката за образование и наука Весна Јаневска на седницата на Собранието посветена на пратеничките прашања од опозицијата рече дека нема намера да ги повлече предложените измени во Законот за високо образование, наспроти поплаките од универзитетите и барањата од опозицијата тоа да го стори.

Тошковски за донацијата од САД за бомбашкиот оддел на МВР: стратегиското партнерство ја јакне безбедноста на Македонија!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на министерството присуствуваше на предавање на опрема, обезбедена во соработка со американската амбасада во Македонија и програмата АТА. Се работи за донација за опрема за потребите на Единицата за откривање и демонтирање експлозивни средства и направи во Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање  организиран и сериозен криминал.

Вчера уапсени шестмина, возеле без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол!

Во текот на вчерашниот ден, полицијата на целата територија на Македонија лиши од слобода шест возачи, од кои четири за возење без возачка дозвола, еден со забрана за управување возило од Б категорија и еден под дејство на алкохол.

To top