Македонија

(Видео): Од следната година ќе се враќаат пари на младите во Македонија

Во делот од Предлог-буџетот за 2026-та, кој е од младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата – ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, односно можноста за научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.

На денешната комисиска расправа за Предлог – буџетот за 2026 година се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов кој истакна дека буџетот е уште еден доказ за посветеноста на Владата кон младите, со реализација на клучни проекти, реконструкција на студентски домови и мерки за самовработување наменети за сите млади.

  • Во овој буџет има и една новина а тоа е новата ставка за демографија и миграција во која се обезбедени 71 милион денари за кампањи за враќање во Република Македонија на успешни примери од странство. Тоа се пред сѐ млади лица, млади успешни примери од светот, млади успешни приказни, преку кои ќе се обидеме да мотивирамме што е можно повеќе млади луѓе да ги вратиме во Република Македонија. Не остававме чевли пред влада, но затоа смислуваме начини како тоа да го направиме и се трудиме – рече Попов.

Пратеникот Попов се осврна на делот од Предлог – буџетот кој е од младинско значење потенцирајќи ги зголемените средствата кои ќе значат подобра и поквалитетна настава за студентите во Македонија, можноста научно и интелектуално да се реализираат младите, како и создавањето на инклузивно средно образование.

Имено во овој буџет имаме 32,5 милиони денари за изградба на најпопуларниот факултет во нашата држава ФИНКИ и секако Факултетот за физичка култура. Во високото образование имаме зголемување од 2,8 проценти и тоа се средства кои ќе ги добие УКИМ, универзитетот во Тетово, УКЛО, Универзитетот Гоце Делчев во Штип. Зголемување од 25% за наука, на тој начин се спречува одлевањето на младите мозоци. Не се заборавени ниту средношколците, во средното образование имаме зголемување од 5,2%, за училишни спортски сали имаме зголемување од 363,6 милиони денари, јасен сигнал дека оваа Влада работи на создавање на здрава младина, додаде Попов.

Најнови вести од: Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија до грчкиот пратеник Ворилас: Не преговараме за идентитетот

Македонскиот идентитет е жива реалност – во Германија, во Грција и ширум светот. Тој не подлежи на политичко одобрување и не може да биде оспорен преку провокации или парламентарни изјави

Над 20.000 Македонци ја напуштија земјата за продолжениот викенд

Министерството за внатрешни работи вели дека сите човечки и технички капацитети се ставени во функција за забрзување на протокот на патници. Пракса е речиси секој продолжен викенд голем дел од македонските граѓани да го поминуваат во странство

Почина сликарот Илија Пенушлиски

Илија Пенушлиски е роден во Скопје 1947. Дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Белград во 1971 година. Во 1972/73 бил на постдипломски студии на институтот „Прат“ во Њујорк и има бројни самостојни изложби во земјава и во странство. Неговата последна изложба, изложба „Градот“, каде за првпат во својата плодна и светска кариера работи со дигитална графика, беше во 2018 во скопската галерија „Акантус“.

To top