Македонија

(Видео): Отпуштените службеници од ДУИ си послале кревет во канцеларија во министерството

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на која, според него, се гледа канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службеници кои во неа работеле, но вчера, 24 декември, биле отпуштени.

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, објави снимка на која, според него, се гледа канцеларија во неговото министерство, онака како што ја оставиле службеници кои во неа работеле, но вчера, 24 декември, биле отпуштени.

По документирањето на состојбата, тие се испратени да си спијат дома, вели министерот.

Со објавата Стоилковиќ одговори на нападите од ДУИ, која претходно обвини за дискриминација поради тоа што од министерството се отпуштени „седуммина Албанци“.

  • „Ова е канцеларијата во Министерството за односи меѓу заедниците, инаку претворена во ова што го гледате, во која „работеа“ вчера отпуштените службеници кои, по некоја случајност се од ДУИ. По документирањето на состојбата истите се испратени да си спијат дома. Толку!“, напиша во описот на видеото министерот.

Најнови вести од: Македонија

Реформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност

„Зелникот на баба“ ќе се одржи викендов во Пробиштип

Дванаесетта година по ред Општина Пробиштип денот на пролетта, го одбележува со меѓународна манифестација „Зелникот на баба“. Од Општина Пробиштип  во писменото соопштение велат дека манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, односно на 21 март, со почеток во 11 часот. Годинава очекуваат присуство на натпреварувачи од 18 општини од Македонија, потоа од пет Здруженија од […]

Елаборат, правилник, процена и план – основа за безбедност во објектите, сведочеше за „Пулс“ вработена во ДЗС

На денешното сведочење пред судот, Маја Тимовска, раководител на Секторот за превенција, планирање и развој во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС)

To top