Македонија

(Видео): Пожар зафати викендички кај Штип, повреден е еден од газдите

Голем пожар одново се прошири кај Штип, а на социјалните мрежи се објавени очајнички повици за помош. Пожарникарите спасуваат луѓе кои се нашле во лозја, а зафатени се повеќе објекти, меѓу кои и неколку куќи, а досега е повреден најмалку еден човек.

Упатен е итен апел до надлежните институции за брза интервенција поради големиот пожар над штипско Ново Село, кој повторно се разгорел и се шири со голема брзина. Граѓаните бараат од директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, како и од сите надлежни служби, под итно да бидат ангажирани авионите и хеликоптерите за гаснење на пожарот од воздух. Според сведоштвата од терен, огнот веќе зафатил викендички и се движи низ исклучително непристапен терен каде што речиси е невозможно да се интервенира со возила и пешки екипи.

  • „Потребна е помош од небо. Човечка нога тешко може да стигне до местото. Пожарот се шири во непристапен предел, а ветерот дополнително го разгорува. Ситуацијата е сериозна и постои опасност од уште поголема хаварија доколку не се реагира веднаш“, апелираат граѓаните.

Тие тврдат дека станува збор за повторно активирање на вчерашниот пожар и изразуваат сомнеж дека огнот повторно е подметнат. Од терен се посочува дека пожарот се движи кон густо пошумен предел каде што нема пристап за противпожарни возила, поради што единствено решение во моментов е интервенција од воздух.

Граѓаните бараат итна реакција од сите надлежни институции пред огнената стихија да предизвика уште поголеми штети. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека веќе дејствува „ер трактор“ на ДЗС во гаснењето на пожарот над штипско Ново Село. Тој соопшти и дека има повредено лице, сопственик на викендица зафатена од пожарот.

  • „Веќе дејствува ер трактор на ДЗС. Има повредено лице, сопственик на викендица. Набргу ќе бидам на лице место“, напиша Ангелов.

Најнови вести од: Македонија

Несовесни поединци го претвораат Охридското езеро во депонија на автомобилски гуми, пластични шишиња, текстил, кои се вадени во акција на нуркачи!

Нуркачите од Нуркачкиот центар „Амфора“ го пребаруваа езерското дно на потегот од кампот Градиште до Велидаб и извлекуваа фрлени пластични шишиња, автомобилски гуми, текстил и различен цврст отпад отпад. Проектот е финансиран од Секторот за туризам и локален економски развој на Општина Охрид.

 „Здравје и заштита на здравјето“ наместо сексуално образование

Ревидирана програма за сеопфатно сексуално образование, која сега го носи името „Здравје и заштита на здравјето“ објави Бирото за развој на образованието, на својата официјална интернет-страница

To top