Македонија

(Видео): Пропаѓа ли викенд-туризмот кон Грција?!

Пресметавме дека тоа се некаде околу 250.000 туристи. Тоа се истите туристи кои што одат викенд четврток – недела или петок – понеделник во Грција и тие ќе бидат засегнати со овој систем. Другите кои имаат свои куќи, станови, приколки, тие секако ќе одат и ако треба ќе чекаат и по повеќе часови и ќе поминат граница – рече Керим.

Системот за влез/излез на Европската Унија претставува удар за викенд туристите кои патуваат во Грција, изјави Аркан Керим, претседател на Туристичко-угостителска комора при ССК, во синоќешната дебата во „Топ тема“ на ТВ Телма. Тој додава дека кога се најавуваше воведувањето на системот било кажано дека еднаш ќе се фотографира лицето и потоа само со отисок на граница се забележува влез во ЕУ, меѓутоа во пракса се гледа дека не е така.

  • Пресметавме дека тоа се некаде околу 250.000 туристи. Тоа се истите туристи кои што одат викенд четврток – недела или петок – понеделник во Грција и тие ќе бидат засегнати со овој систем. Другите кои имаат свои куќи, станови, приколки, тие секако ќе одат и ако треба ќе чекаат и по повеќе часови и ќе поминат граница – рече Керим.

Тоа, пак, е шанса за македонското туристичко стопанство, со убави понуди да се пренасочат туристите.

  • Наместо да одат да чекаат повеќе часови на граница, да одат да уживаат во Охрид, во Струга, во Дојран, на Преспа, Битола и сите останати наши убави локалитети. Затоа сум оптимист дека штом Грција воочи колку голем економски удар е системот, бидејќи 1,2 милиони македонски граѓани годишно ја посетуваат Грција, тогаш мислам и тие ќе сакаат на некој начин да го суспендираат системот за побрз проток на патниците – смета претседателот на Туристичко-угостителска комора.

Најнови вести од: Македонија

Се шират лажни вести за сместувањето во студентските домови, сè е регуларно, рече Јаневска

Транспарентно се објавени ранг-листите за сместувањето во студентските домови и за тие што се примени и за тие кои не ги исполниле условите, тврди министерката Јаневска откако партијата „Левица“ обвини дека се кријат бодовите. Јаневска ги проверила овие информации и е децидна дека тие кои ги нема на списоците, не ги исполнувале условите.

Австриски компании добредојдени во новиот инвестициски циклус во македонската енергетика, вели Божиновска

Македонско-австрискиот бизнис-форум е организиран од Стопанската комора на Македонија и Трговското одделение при Австриската амбасада – Advantage Austria, со цел продлабочување на билатералната економска соработка и поврзување на австриски компании со македонските институции и бизнис-секторот.

To top