Минатата недела триесет и двегодишен скопјанец беше уапсен откако со автомобил удрил во лице кое управувало тротинет, а сега искочи и видео од нападот.
На видеото се гледа како возачот на тротинет лежи на среде улицата, додека над него стои возачот на „БМВ“. Во позадина се слуша гласно викање и вознемирени реакции од присутните.
Според информациите, на 26 март 2026 година околу 11:10 часот на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот, А.С.(32) од Скопје, управувајќи патничко возило „БМВ“, удрил во тротинет кој го управувал З.И.(41) од Скопје. По судирот, осомничениот излегол од возилото и физички го нападнал другото лице.
Подоцна, во 16:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода и го привеле во Полициската станица Кисела Вода.
Од МВР соопштија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ согласно член 386 од Кривичниот законик.