Македонија

(Видео): Студентските стипендии не се намалени, СДСМ манипулира, велат ВМРО-ДПМНЕ

Социјалдемократскиот сојуз продолжува со своите лаги и манипулации. Вака од Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ денеска ги искоментираа обвинувањата од Социјалдемократската младина на Македонија дека со предложените измени на Законот за студентски стандард се крати од стипендиите на студентите и се врши промена во критериумите за сместување во студентските домови.

Членот на Извршниот комитет на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тодор Конески, на денешната прес-конференција ги демантираше тврдењата на опозицијата и јавноста дека со новиот Закон за студентски стандард се кратат стипендиите и се зголемува цената за престој во студентските домови. Според него, бројот на стипендиите воопшто не е дел од законското решение, туку тие се носат на годишно ниво, согласно Буџетот и потребите на државата. Тој објасни дека се предлага подобро прераспределување во рамките на квотата за да се добијат стипендии кои се базираат на успех и на потребите на пазарот на трудот.

Конески посочи дека недоделените стипендии во изминатите пет години се должат на тоа што квотата за социјални стипендии не се исполнувала, а законите досега не дозволувале тие средства да се прелеат во друга група.

  • „Измената на законот дава подлога за јасна дистинкција меѓу видовите на стипендии, за кои потоа на годишно ниво, врз основа на Програмата за развој и унапредување на студентскиот стандард и конкурсите, ќе се утврдуваат бројот на стипендии по вид и износот на стипендијата за секој посебен вид и категорија“, изјави Конески.

Тој додаде дека досегашните стипендии биле конфузни и со ист месечен износ, па не се правела разлика меѓу оние за висок просек и оние за стратешки области. Во однос на цените на студентските домови, Конески истакна дека партиципацијата никаде не е наведена во Предлог-законот за да се прејудицира дека ќе биде поголема, бидејќи и таа се утврдува на годишно ниво.

  • „Министерството работи на ново законско решение со кое ќе ги преземе платите на вработените во студентските домови, за да се намали товарот врз партиципацијата која ја плаќаат студентите, а од која се финансираат платите на вработените во студентските домови“, информираше претставникот на УМС.

На крајот, Конески најави дека претстојното лето ќе започне реконструкција на сите студентски домови со цел да станат енергетски ефикасни и опремени со современи услови за престој и академско надградување на студентите.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top