Македонија

Видео: Во какви услови ќе учат идните полицајци во средното училиште во Идризово

Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Три пати повеќе средношколци од потребниот број се пријавиле за средното полициско училиште „7-ми Мај“ кое се враќа по 25 години во Македонија. Само 200-те од тие кои пројавиле интерес за полицајци ќе бидат примени за да ја завршат 2-годишната програма. Строги критериуми и четири фази мораа да поминат пријавените, а деновиве ќе биде објавена листата кои двесте кандидати се примени.

„Пријавени беа кандидатите, за една позиција, тројца до четворица ученици. Тоа отвори врата да се направи солидна селекција. Процесот според јавниот оглас, предвиде селекцијата да биде во четири фази односно првата е административна селекција и преглед на документацијата, општи и посебни услови на јавниот оглас, потоа моторички способности каде беше влезена и висината, потоа општо образовниот тест и она што вчера го завршивме беше интервјуто односно поединечен разговор со секој од кадидатите. Можам да заклучам дека беа пријавени доста солидни ученици“ вели во изјава за Алфа, Влатко Митковски Помошник министер во МВР на Полициска академија.
Од први септември учениците ќе престојуваат во реновинирани соби, а наставата ќе ја следат во добро опремени училници. Како дел од наставата е планирана и теренско тактичка обука, што вклучува меѓудругото и логорување, скијање, пливање.

Казната ги стигна и странските возачи: „Сејф сити“ ги регистрира и немакедонските таблички

„Повеќе новитети има во физичкото образование- специјалното и општото. Ќе се прават и дополнителни обуки и надвор од наставата, кои се однесуваат најмногу на воведување дисциплина. Најголемата реформа што е направена во Академијата, се условите за престојување.. Повеќе внимание ќе се посветува на јазиците, писменоста, македонскиот јазик, англискиот а ќе има и германски јазик“ вели Влатко Митковски Помошник министер во МВР на Полициска академија.
Образованиот кадар е обезбеден, особено професори кои ќе ги предаваат стручните предмети, а дополнително ќе се ангажираат и други стручни лица.

„Работевме на тоа изминатиот период, да се обезбеди доволно стручен кадар кој ќе може да ги предава стручните предмети. Додека за остантите предмети, се преговара со другите средни улилишта. Ќе се ангажираат доктори на науки, доценти кои можат да придонесат, пред се мислам на пензионираниот кадар на МВР “- рече Влатко Митковски Помошник министер во МВР на Полициска академија.
Со завршено средно полициско образование и исполнување на посебните услови, Министерството за внатрешни работи зема обврска да ги вработи сите средношколци. Тие што ќе сакаат можат да продолжат со високо образование на факултетот за безбедност или други сродни факултети.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорѓиевски ја обвини СДС за ширење хистерија и политизирање на западнонилската треска!

Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски реагираше на обвинувањата на СДС за наводно „задоцнето справување со комарците и зголемениот број случаи на западнонилска треска“. Преку општествената мрежа тој нагласи: „Новата хистерија на СДС, по хистеријата за скопската вода, е оваа за комарците. Но, здравјето на скопјани е премногу сериозна работа за да биде средство за дневнополитички поени. А за Филипче воопшто да не се грижите, јахтата на Заев најверојатно е побрза од комарците и тој е безбеден!“

To top