Македонија

(Видео): Жената во гостиварско била застрелана пред да биде закопана во дупка

Во атарот на гостиварското село Неготино, беше пронајдено телото на 53-годишната Х. А., закопано во дупка. За убиството е осомничен 53-годишниот С.М. од истото село, кој, според Министерството за внатрешни работи, претходно дал лажен исказ во полициска станица. Неговата сопруга признала дека тој го извршил убиството и на полицијата ѝ го посочила местото каде што телото било закопано.

Завршена е обдукцијата на 53-годишната жена која беше пронајдена почината во атарот на гостиварското село Неготино. Според првичниот наод, таа била убиена со огнено оружје, соопшти Јавното обвинителство. По наредба на јавен обвинител, во тек е вештачење на трагите подигнати од неколку локации, а паралелно се вршат претреси и се преземаат други истражни дејствија поврзани со случајот.

Краткотрајниот притвор за осомничениот е продолжен за уште 48 часа, додека јавниот обвинител до надлежниот суд предложил определување 48-часовен притвор и за неговата сопруга, којашто вчера беше задржана во полициска станица. Од Јавното обвинителство наведуваат дека истрагата продолжува со цел целосно расветлување на настанот.

Инаку, во атарот на гостиварското село Неготино, беше пронајдено телото на 53-годишната Х. А., закопано во дупка. За убиството е осомничен 53-годишниот С.М. од истото село, кој, според Министерството за внатрешни работи, претходно дал лажен исказ во полициска станица. Неговата сопруга признала дека тој го извршил убиството и на полицијата ѝ го посочила местото каде што телото било закопано.

Хронолошки, жртвата, на 9 декември била пријавена за исчезната од страна на нејзиниот син. Подоцна на безбедносните камери тој забележал дека два претходно, односно на 7 декември, таа влегла во патничко возило марка „фиат“, по што станала недостапна на нејзиниот телефон. Синот
во полиција пријавил и дека на безбедносните камери забележал оти ноќта помеѓу 6 и 7 декември сега осомничениот С. М. влегол во неговата куќа и дека одзел пари од неговата соба.

Пред два дена, рано утрото, во 2:15 часот, С. М. бил приведен поради сомнение дека ја принудил убиената Х. А. да замине од домот со него. Тогаш, во полицијата дал лажен исказ, а од добиениот листинг на повици било утврдено дека Х. А. последен пат имала контакт со него на 7 декември. Приведена била и неговата сопруга, која во полициска станица, како што соопшти МВР, признала дека нејзиниот сопруг С. М. со пиштол ја убил Х. А., а го посочила и местото каде потоа била закопана.

Најнови вести од: Македонија

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

To top