Македонија

(ВИДЕО) Златните Славејчиња ја разубавија и развеселија вилата Биљана во Охрид

Нишката што ги поврзува генерациите, расадник на детски таленти и извор на блескави музички ѕвезди

Златните Славејчиња ја разубавија и развеселија вилата Биљана во Охрид каде деновиве претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги врши државните функции.

Вчера во претседателката била биле примени и членовите на хорот ,,Златно славејче” кои имаат настап во Охрид.

,,Мои гости беа распеаните хористи на „Златно славејче“, чувари на детската песна и симбол на радоста.

Славејчињата неделава во Охрид се подготвуваат за јубилејното 55-то издание на фестивалот „Златно славејче“, чија покровителка сум.

Имав привилегија премиерно да слушнам дел од новите песни, подготвени со топлина, желба и детска посветеност.

„Златно славејче“ е нишка што ги поврзува генерациите, расадник на детски таленти и извор на блескави музички ѕвезди.

Денов беше вистински празник на музиката и младешката разиграност!”, објави претседателката Гордана Сиљановска Давкова заблагодарувајќи се што со своите најмлади гости и таа за еден ден се почувствувала како дете.

https://www.facebook.com/reel/1531546361540369

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top