Македонија

Владата го стави проектот во Идризово меѓу приоритетите

Граѓаните ќе добијат подобри услови за живот

Претседателот на Владата денеска изврши увид во градежните активности од првата фаза на изградбата на фекална канализација во населеното место Идризово, Општина Гази Баба.

„Би сакал да се заблагодарам на градоначалникот на Општина Гази Баба, на советниците од Советот, на администрацијата, без која не можат овие проекти да се случат, на пратениците кои доаѓаат од Општина Гази Баба, на колегите од Владата и на ресорниот министер за животна средина и просторно планирање. За овој сложен проект како Влада одлучивме да биде еден од приоритетите со кој ќе се гради Македонија како држава, а граѓаните ќе добијат подобри услови за живот. Кога сите овие проекти ќе ја добијат својата форма онака како што се замислени, тогаш сигурен сум дека ќе имаме и голема додадена вредност врз квалитетот на животот на сите граѓани“, рече Мицкоски.

Премиерот посочи дека денеска во Македонија на повеќе од 1.200 места се гради, што за Владата претставува значаен показател бидејќи на тој начин се ангажира домашната оператива и претставува сериозен индикатор за подобра економска активност. Истовремено, на овој начин се покажува дека децениски проблеми можеле да се решат.

„Иако не можеме сè наеднаш да решиме со два повика – нешто што со децении не се правело – сепак мислам дека со ваквите проекти голем дел од приоритетите на граѓаните ќе бидат решени и ќе можат да имаат поквалитетен живот тие и нивните семејства. Она што за мене е исто така важно како претседател на Владата е фактот дека економската активност предизвикува и добри економски резултати. Во периодот што следи очекувам сè позасилена ваква активност, посебно во делот на градежништвото“, истакна тој.

Покрај проектите што ги финансира Владата на целата територија на државата, ќе се појават шест делници на автопати што ќе се градат. Овој месец официјално ќе започне изградбата на делницата Блаце – Скопје. Во септември премиерот очекува да започне и делницата Букојчани – Кичево, а со засилена динамика да се приврши автопатот Кичево – Охрид.

„Очекувам делницата од Извор до Врбјани да биде пуштена отприлика во втората половина на октомври, а целокупната делница да биде во првиот квартал од следната 2027 година. Продолжуваме со засилена динамика на трите делници од Коридорот 8 и Коридорот 10д – Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Сè на сè, отприлика шест автопатски делници ќе се градат и тоа е исто така голема засилена градежна активност. Кога на тоа ќе се додадат и пругата (секција 2), која практично е дел од Коридорот 8, и секција 3, за која очекувам наскоро да биде објавен јавен повик, тоа значи дека ќе имаме навистина интензивна градба“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека доколку сè биде како што треба, следи завршување на физибилити студијата и отпочнување на почетокот на следната година на Коридорот 10.

„Градежништвото претставува еден од двигателите и носителите на економската активност во Македонија. Дозволете да се заблагодарам на сите: на градоначалникот, на советниците, на пратениците, на министерот, на колегите од Владата и на граѓаните за трпението и поддршката. Ние не можеме сè да решиме – нешто што со децении било запоставувано и нерешавано – но ветуваме дека сето она што можеме да го решиме, па дури и повеќе од тоа, ќе се потрудиме да го испорачаме и решиме како Влада“, посочи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Во Македонија една третина од смртните случаи се од кардиоваскуларни заболувања

Од кардиоваскуларни заболувања минатата година во земјава починале 6.888 лица, а овие заболувања учествуваат со 34 отсто во вкупниот морталитет. Со стапка на смртност од 378,4 на 1.000 жители, кардиоваскуларните заболувања се на прво место меѓу причините за смртност.

Поплавена зградата на „Нова Македонија“

Пет до шест дена ќе бидат потребни за нормално функционирање на зградата на „Нова Македонија“, откако е утврдено дека поплавата ја предизвикала пукната топловодна цевка на вториот кат, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата, Ивица Томовски.

Стојков: Грција и Бугарија ќе го користат примопредавањето на моштите на македонскиот цар Самуил за пропаганда против Македонија!

„Свечената“ објава на бугарскиот премиер Румен Радев дека в сабота, на 3 октомври, Грција ќе ѝ ги предаде посмртните останки од цар Самуил (починат 1014 година), одекна не како историско-научна сензација, туку токму така како што беше и конструирана – со политичко тенденциозност спрема Македонија. Ова се нагласува во статијата со наслов „Стојков: Не е сигурно дека моштите се на цар Самуил, а Бугарија и Грција немаат ни правна основа за нивно примопредавање“, која ја објави информативниот портал „МКД.мк“

(ВИДЕО) Разбиена е криминалната и терористичка група од Скопје, кај која е пронајдено знаме на „Исламска држава“! – Кривична пријава за тројца (Видео)

МВР информира дека вчера Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во соработка со Агенцијата за национална безбедност, Одделот за специјални полициски операции и СВР Скопје, под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, спроведе координирана полициска акција, во која е сузбиена организирана криминална група од Скопје, инволвирана во вршење на кривични дела од областа на тероризам и недозволена трговија со оружје.

Мицкоски: Во судството има измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ

Говорејќи за правосудството во емисијата „Под лупа“ на ТВ „Алфа“, претседателот на Владата Христијан Мицкоски истакна дека таму, покрај огромното мнозинство чесни луѓе, постои и измеќарско малцинство, кое им слугува на СДС и ДУИ.

To top