Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Ако за Филипче Македонија е Иран, дали ајатолахот е – Заев?

СДС беше на власт 7 години а во влада скоро (со се техничката) речиси девет, ова значи дека Заев е Ајатолахот, а Филипче неговиот прв проповедник

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјава на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој Македонија ја спореди со Иран и со Венецуела.

„Се прашуваме на кого се обраќа Филипче со овие изјави со кои покажува дека не е присутен во реалноста. Загрижувачки е кога гледаме ваква опозиција потоната во свој микро свет каде сите се лоши само тие се добри. Кој мисли дека му верува на Филипче кога кажува дека Македонија е како Иран и Венецуела?

И ако е Македонија како Иран, дали со оглед на тоа што СДС беше на власт 7 години а во влада скоро 9 ( со се техничката), ова значи дека Заев е Ајатолахот а Филипче неговиот прв проповедник?

Знае ли некој која беше целта на пресот на Венко Филипче и што е тоа што ново го кажа? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„Кога Филипче зборува за економија, добро е да се потсети дека е претставник на владата каде тој беше министер а Заев премиер, каде 500 илјади луѓе живееја со само 150 денари на ден, и влада која најави и ги чекаше Фејсбук и Гугл како единствени инвестиции кои никогаш не дојдоа.

Што се однесува до човековите права и споредбите со Иран, Ајатолахот, а и Филипче беа дел од една иста влада која спроведе најбрутална политичка пресметка и политички прогон преку инструментите на СЈО.

Тоа СЈО прерасна во огромна кражба и рекет машинерија од која Филипче историски и политички треба да се срами. СДС на чело со Филипче нема визија ниту за сопствената партија ниту за државата, токму затоа се на политичкото дно“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Филипче.

Шокантен повик на Филипче до САД за воена интервенција во Македонија како во Венецуела и Иран (ВИДЕО)

 

Најнови вести од: Македонија

To top