Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Аман Филипче, не се грижи за пензионерите

Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари

Продолжената рака и верната сенка на Зоран Заев, Венко Филипче се јави и вели загрижен бил за стандардот на граѓаните, како и за пензионерите конкретно, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1.000 денари и нешто. Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше. Вака ли се грижеа тие за пензионерите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, се додава, е само олицетворение за понижување, партија која никому не даваше повисоки примања, партија која шири лаги и дезинформации, партија на која апсолутно не ѝ е грижа за никому и за ништо во државата.

„СДСМ е партија во која поединци се грижат за личниот џеб. Нешто што Филипче може да направи за доброто на сите е да собере сила и да замине од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ не ги познава овие поими. ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за секој еден граѓанин подеднакво. Впрочем на ВМРО-ДПМНЕ му верува народот што се докажа и покажа неодамна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

 

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top