Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Аман Филипче не се грижи за пензионерите, туку оди си од СДСМ

Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1.000 денари и нешто. Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Продолжената рака и верната сенка на Зоран Заев, Венко Филипче се јави и вели загрижен бил за стандардот на граѓаните, како и за пензионерите конкретно, реагира ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

  • „Аман Филипче не се грижи! Заборавил ли Филипче дека беше дел од владата на СДСМ, која на пензионерите им даваше некоја ситна сума од околу стотина денари, а во одреден период достигнуваше 1.000 денари и нешто. Владата предводена од другарот на Филипче, Заев, не само што не се грижеше за пензионерите, туку со сумата која им ја даваше ги понижуваше, навредуваше. Вака ли се грижеа тие за пензионерите“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ, се додава, е само олицетворение за понижување, партија која никому не даваше повисоки примања, партија која шири лаги и дезинформации, партија на која апсолутно не ѝ е грижа за никому и за ништо во државата.

  • „СДСМ е партија во која поединци се грижат за личниот џеб. Нешто што Филипче може да направи за доброто на сите е да собере сила и да замине од СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ не ги познава овие поими. ВМРО-ДПМНЕ е партија која се грижи за секој еден граѓанин подеднакво. Впрочем на ВМРО-ДПМНЕ му верува народот што се докажа и покажа неодамна“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Николоски: ДУИ не изгради ниту еден километар автопат

Вицепремиерот и министер за транспорт изјави дека Владата инвестира меѓу 1,6 и 1,8 милијарди евра во изградба на автопати од Коридорот 8, обвинувајќи ја Демократската унија за интеграција дека во своите мандати не изградила ниту еден километар автопат

Е-трговијата бележи рекорд: За една година, граѓаните потрошиле 950 милиони евра на онлајн купување

Во 2025 година онлајн трансакциите во Македонија пораснале за 32 отсто, што според Асоцијацијата за е-трговија на Македонија (АЕТСМ) укажува на зголемена доверба во дигиталното купување, развој на плаќањата и силен импулс за понатамошен раст на секторот.

Роденден на Ѓорче Петров: Бугарските власти сакаа да ме обесат заради Мис Стон, половина од парите ни отидоа против врховистите

На денот на раѓањето на Ѓорче Петров, 2 април 1865 година во прилепски Варош, објавуваме дел од неговите Спомени за улогата што тој ја имал во аферата Мис Стон

To top