Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Данела треба да научи дека неможе да користи услуги без да ги плати

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања против градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и нејзината соработка со СДСМ и ДУИ. Според партијата, поради неспособноста на Арсовска и неизвршувањето на финансиските обврски, главниот град повторно е пред ризик да остане без функционален јавен превоз.

ВМРО-ДПМНЕ упатува сериозни обвинувања против градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и нејзината соработка со СДСМ и ДУИ. Според партијата, поради неспособноста на Арсовска и неизвршувањето на финансиските обврски, главниот град повторно е пред ризик да остане без функционален јавен превоз.

Данела Арсовска треба да научи дека не може да користи услуги без да ги плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ, укажувајќи дека компанијата „Пуцко Петрол“, која ја поврзуваат со ДУИ – коалициски партнер на Арсовска – е вмешана во случај за кој, според нив, веќе е изречен притвор.

Од партијата тврдат дека „менторите“ на Арсовска, судии блиски до СДСМ и ДУИ, помогнале да се спречи подлабока истрага, притоа истакнувајќи дека „против Пуцко Петрол има постапка за која тој ќе одговара“.

Понатаму, ВМРО-ДПМНЕ ги отфрла, како што ги нарекуваат, „детските досетки“ на Арсовска, повикувајќи ја да престане да создава нестабилност и да почне да ги подмирува своите финансиски обврски, наместо да предизвикува кризи со поддршка од сојузниците во ДУИ и СДСМ.

Партијата предупредува дека таквите постапки можат да доведат до целосен прекин на јавниот превоз во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top