Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Каде се 2.000 тони јачмен и пченица?

Пченицата била во употреблива состојба, па направен е записник кој го негира тоа, и донесен на владина седница, кога Филипче е дел од владината структура

СДСМ може да зборува за реформи и за европски вредности колку што сака, но нивното седумгодишно владеење се бележи само по тендерите.

„Тоа значи тендери како политика, тендери и како идеологија, па дури можеби и како лична агенда. Филипче се обидува да ја изгради улогата на морален коректив во опозиција, ама јасно е дека нивната матрица не се менува – прво направи хаос, па направи уште поголем хаос да го прикриеш првиот, обвини некој трет, изигрувај жртва.“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Така, во периодот 2019-2021 година, се додава, или во златната ера на тендерските шеми на Зоран Заев и на Венко Филипче, отпишани се 2.000 тони јачмен и пченица во вредност од околу 800.000 евра од стоковите резерви.

„Пченицата инаку била во употреблива состојба, па направен е записник кој го негира тоа, и донесен на владина седница, кога Филипче е дел од владината структура. За да се прикрие ова, се склучуваат два тендери за набавка на 20.000 тони со соседна држава за да се пополнат дупките во залихите. Заев, Филипче и Николовски ги убедуваа граѓаните дека сè е под контрола, дека сè функционира професионално, но за ова трио тоа значеше само дека внимателно си ги контролираат тендерите“, се вели во соопштението.

И сега, како може СДСМ да се реформира кога самиот лидер е дел од истите шеми за кои избегнува да зборува, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се оградат, СДСМ го продава Филипче како ново лице на опозицијата и партијата ќе продолжи да тоне бидејќи не може човек кој не ја заштити државата кога беше на власт, сега да дели совет додека е во опозиција“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Преговорите за решавање на проблемот на транспортерите за влез и излез од ЕУ се одвиваат добро, вели Николоски

Министерот за транспорт Александар Николоски вели дека преговорите за решавање на проблемот на транспортерите по воведувањето на ЕЕС системот за влез во ЕУ одат добро и оти до 30 септември кога тој треба да почне да се применува за македонските транспортери има време да се завршат сите процедури

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница

Се поставуваат последните слоеви асфалт на потегот од Стара Рампа до семафорите кај Црвениот Крст, на еден од најзначајните, но и за мене особено важни инфраструктурни зафати во градот, булеварот „Македонија“, објави денеска градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук профил

По повод Цветници црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар преполна со верници од сите делови на државава

Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар беше претесна да ги прими повеќето стотици верници, кои ги имаше од сите делови на нашата држава, кои пристигнаа по повод празникот на влегувањето на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници, како најава за конечниот триумф на животот над смртта

Најнови вести

To top