Македонија

ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: Помалку печурки, повеќе реалност

ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за, како што велат, очигледната непресметливост и забеганост на раководството на СДСМ, кое, според нив, живее во „паралелен универзум на халуцинации“

ВМРО-ДПМНЕ изрази загриженост за, како што велат, очигледната непресметливост и забеганост на раководството на СДСМ, кое, според нив, живее во „паралелен универзум на халуцинации“. Во своето соопштение, тие остро го критикуваат СДСМ, тврдејќи дека партијата не само што не ја разбрала пораката од граѓаните и своите членови по изборните резултати, туку и продолжува да ги потценува и навредува.

Навистина жално. Каков крај.

Ги повикуваме граѓаните да го видат ова лице на СДСМ кое не само што не ја разбира пораката од изборите туку и ја потценува и навредува. Затоа треба да се казнат во вториот круг, и потоа ако продолжат со халуцинациите ќе мора да бидат отрезнети со реалноста која нема да им биде пријатна.

И потсетуваме на вчерашната изјава на премиерот Мицкоски, ако се толку сигурни во тоа дека со намалување на бројот на советници, и гласови и паѓање на најниското историско ниво на таа партија а на чекор пред тотален распад кој вака ако продолжат е неминовен, сепак нека се охрабрат и нека поднесат барање за предвремени избори во парламентот, и ќе видиме каков епилог ќе има тоа.

Во меѓувреме помалку печурки, повеќе фокус на реалноста и на вистинските пораки од народот. И да се надеваме дека ќе ви помине.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top