Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ уплашени од договорот со Британија

Само Венко Филипче и СДСМ ја напаѓаат Велика Британија и им смета договорот за стратешко партнерство кој ќе донесе стабилност, безбедност и развој на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ и потсетуваат дека Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен уште од самиот почеток и јавноста е запознаена.. „Филипче и СДС се уплашени од успехот на Владата за […]

Само Венко Филипче и СДСМ ја напаѓаат Велика Британија и им смета договорот за стратешко партнерство кој ќе донесе стабилност, безбедност и развој на државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ и потсетуваат дека Договорот со Обединетото Кралство е транспарентен уште од самиот почеток и јавноста е запознаена..

„Филипче и СДС се уплашени од успехот на Владата за стратешкиот договор меѓу Македонија и Велика Британија и затоа манипулираат, ја дезинформираат јавноста и шират лажни вести.

Политички очаен потег е Филипче да ја напаѓа Велика Британија и шири инсинуации во врска со договорот.

Со Договорот за стратешко партнерство Влада со Влада, се одбележува нова ера во односите меѓу Македонија и Обединетото Кралство и претставува пресвртница во стратешко инвестициско партнерство меѓу двете земји“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Договорот со Обединетото Кралство е важен поради најмалку две причини.

„Прво, Договорот има стратешко и политичко значење и овој вид на стратешко партнерство и пријателство за Македонија ќе го вратат достоинството на државата и трасираат патот на стабилноста, безбедноста и развојот.

Второ, во економска смисла има рамка која што на располагање ни овозможува околу 6 милијарди евра, или околу 5 милијарди фунти.

Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 6 милијарди евра за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. Ќе започне нов силен циклус на економски раст.

Филипче, наместо да ги навредува и критикува партнерите на Македонија и шири небулози во јавноста, треба да се извини. Заврши времето на распродавање на државните интереси“ се вели во соопштението од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Институт за јавно здравје со итни мерки за справување со ѓубрето во Скопје

Андоновска кажа дека меѓу препораките е Општините да направат вонредна итно вонредно испирање, дератизација, дезинфекција и дезинсекција на местата со расфрлан отпад и контејнерите, и иако тоа не е толку лесно во поглед на снабдување со соодветни средства, Општините треба да најдат начин тоа да го спроведат дополнително во овој период.

Николоски до Касами: Заврши политиката на етнички поделби и непринципиелни политики, соработката во Владата може да продолжи само врз основа на принципи и вредности

„Билал Касами не треба да се срами и да му биде непријатно тоа што Македонците во Тетово гласаа за него во првиот круг. Тој сега треба да им испорача на тие луѓе.“ – нагласи потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски.

Ахмети тврди дека ДУИ и НАИ се „победници во првиот круг на локалните избори“ и пак бара предвремени парламентарни избори

Лидерот на ДУИ Али Ахмети ја нарече коалицијата Вреди „Здружение Газиместан“, асоцирајќи дека била, според него „губитничка политиката“ на Вреди, како што била и политиката на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ, познат по неговиот говор на Газиместан во Косово во 90-тите години од минатиот век. Но, Али Ахмети со својот „триумфалистички настап“ денес само ги игнорираше многубројните оценки на независни политички аналитичари не само од Македонија, туку и од сиот Балкан, дека оној, што претрпел пораз и тоа „историски“ е токму тој, со укажувања дека и навистина треба да се повлече од политиката.

To top