Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Филипче продолжува со бугарското сценарио за Македонија! Со Заев прифатија штетен договор и затоа сме сега под уцена и притисок!

„Наша цел е членство во ЕУ. Ќе бидеме подготвени за тоа кога ЕУ ќе биде подготвена да нѐ прими. Во однос на Бугарите имаме јасен и принципиелен став, иако ни носи проблеми и недоразбирања: подготвени сме да разговараме за непречен евроинтегративен процес на нашата земја без несвојствени и непринципиелни барања.“ – нагласува владејачката македонска партија во своето соопштение.

„Филипче продолжува да го игра бугарското сценарио за Македонија, да ја понижува сопствената држава, притоа заборавајќи дека тој и неговиот струмички ментор се виновници, поради чие предавство и прифаќање штетен договор сега сме предмет на уцена и притисок. Но Македонија ќе продолжи со реформите и со својот пат кон ЕУ!“– реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму во своето соопштение владејачката македонска партија истакнува: Македонија ќе продолжи со реформите без разлика на диоптријата која е јасна, а тоа е дека извештајот како многу пати во минатото и во други земји се користи како дел од политичките условувања, притисоци и динамика на земјата. Но за нас е јасно дека вакви и слични извештајчиња ќе продолжат се додека не се најде решение со Бугарија. Но и покрај тој негов аспект, извештајот сметаме дека е одличен и нѐ охрабрува да продолжиме на патот на реформите и го гледаме како патоказ, на кој треба да се насочиме во иднина. Истовремено очекуваме да се разговара за овие теми во иднина, а Филипче како притиснат на копче да продолжи да крева паника, зашто тој е е заложник и киднапиран и ние тука ништо не можеме.

Филипче токму поради ова пред кампањата ја отвори оваа тема. Некои може сметаа дека е совпаѓање, или поттикнати од глупостите, кои ги прават дека е незнаење. Но оваа тема е сепак нешто далеку подлабоко, тоа е заложништво на Филипче и семејството од Струмица во фиоките на нашите соседи. Тоа им е веќе на сите јасно. 

Ние благодариме за извештајот. Сметаме дека е реален, има многу работи, кои се заостанати и резултат на проблемите, кои ги наследивме. Но ќе работиме посветено на реформите и неопходните чекори за просперитет и благосостојба на земјата и нашите граѓани. – посочува ВМРО ДПМНЕ во своето денешно соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Реформа на дисциплинските постапки, гаранции за самостојност и поголема транспарентност при изборот на државниот јавен обвинител

Предлог-законот предвидува модернизација на постојната законска рамка, воведување јасен мерит-систем за избор, унапредување и оценување на обвинителите, како и зајакнување на гаранциите за нивната самостојност

„Зелникот на баба“ ќе се одржи викендов во Пробиштип

Дванаесетта година по ред Општина Пробиштип денот на пролетта, го одбележува со меѓународна манифестација „Зелникот на баба“. Од Општина Пробиштип  во писменото соопштение велат дека манифестацијата ќе се одржи оваа сабота, односно на 21 март, со почеток во 11 часот. Годинава очекуваат присуство на натпреварувачи од 18 општини од Македонија, потоа од пет Здруженија од […]

To top