Македонија

ВМРО-ДПМНЕ и ДПТМ со одлука за взаемна поддршка на локалните избори

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската Партија на Турците на Македонија, водејќи се од интересите на граѓаните и членовите на двете партии донесоа одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската Партија на Турците на Македонија, водејќи се од интересите на граѓаните и членовите на двете партии донесоа одлука за взаемна поддршка на своите кандидати за градоначалници, и самостоен настап на претстојните локални избори во одредени општини, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

ДПТМ ќе настапи со кандидати за градоначалници во три општини, до дека во 24 општини ширум Македонија ќе настапи со свои листи со кандидати за советници. Во општините каде ДПТМ нема свои кандидати за градоначалници, членовите на партијата ќе дадат поддршка на кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ, за што е постигнат стратешки договор за меѓусебна поддршка.

Согласно со овој договор:

Во општините каде што Демократската Партија на Турците на Македонија нема да има свои кандидати за градоначалници и советнички листи ќе бидат поддржани кандидатите за градоначалници и советничките листи од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Исклучок претставува Општина Конче каде што Демократската Партија на Турците на Македонија има свој кандидат за градоначалник и своја листа со кандидати за советници, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека во општина Центар Жупа и во општина Пласница, ВМРО-ДПМНЕ ќе ја даде својата поддршка за кандидатите на градоначалници и за листите за советници од редовите на ДПТМ, додаваат од владејачката партија.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top