Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Има ли некој поистакнат член на СДСМ, освен Жерновски, кој не бара оставка на Филипче

Како за кус период сите кои не мислат како Венко, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ

„Околу внатрешните проблеми на СДС, кланот Дубаи, Венко и Заев, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша. Но, бидејќи СДС и Венко по секоја цена сакаат со сила да го вмешаат ВМРО-ДПМНЕ би поставиле неколку логични прашања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Прво, Венко на наредната прес-конференција кога ќе ја заменува портпаролката Богданка Кузевска треба да одговори како Шилегов е на ВМРО ДПМНЕ, а Филипче беше советник на министер од ВМРО ДПМНЕ.

Второ, како за кус период сите кои не мислат како Филипче, за Филипче станаа ВМРО-ДПМНЕ преку ноќ?

Трето, зошто воопшто ВМРО-ДПМНЕ би го рушела Филипче, преку Шилегов, кој СДС како најголем конкурент на ВМРО-ДПМНЕ ја направи трета партија во земјава, а петта во Скопје?

Четврто, дали има некој поистакнат член на СДС, освен Жерновски од ЛДП, кој денес не бара оставка на Венко Филипче?

Додека Филипче се кара за темата кој бил повеќе на ВМРО-ДПМНЕ, добро е да одговори на овие прашања. Се друго е бегање од реалноста и од сопствената одговорност“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Шилегов за Филипче: Што е ако не катастрофа да ја сведете партијата на петта во Скопје и трета во Македонија?

Најнови вести од: Македонија

Прогонувањето на македонските деца на 30 март 1948 – етничко чистење и насилно бришење на македонскиот елемент од Егејска Македонија

На 30 март 1948 година, во најжестокиот период од Грчката граѓанска војна (1946-1949 година), започна една од најголемите трагедии во современата македонска историја – масовната евакуација и протерувањето илјадници македонски деца од егејскиот дел на Македонија. Приказната за откорнувањето на македонските деца бегалци од нивните родни огништа и краишта е приказна и за македонската голгота кон правдата и иднината, која им беше одземена. Тоа беше приказна црнопис за украденото детство на илјадниците македонски деца, за мајките што никогаш не ги прегрнаа своите синови и ќерки, но и за сиот македонски народ од тој дел на етничка Македонија, кој плати неизмерна цена во обидот да се избори за својата слобода и македонски идентитет.

Советот на јавни обвинители ја прекина дисциплинската постапка против Хајрулахи и го враќа на работа Цветановски

Советот на јавни обвинители едногласно ја укина суспензијата на обвинителот Јован Цветановски и одлучи предметот да го врати на повторно разгледување.

To top