Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Имаме чувство дека СДС се многу чувствителни

ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по стапките на СДС и ДУИ, туку ќе оди по стапките на правдата и одговорноста

Изминатите 7-8 години, СДС заедно со нивниот коалиционен партнер ДУИ, го контаминираа правосудството, инфилтрирајќи свои кадри во македонското обвинителство и судство. Од судски Совет, Совет на јавни обвинители, државен јавен обвинител, врховни судии и итн, СДС и ДУИ го урнисаа правосудството кое има 2% доверба од граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Функционерите на СДС и ДУИ за кои имаше сомнежи дека имаат сторено криминал и корупција, не беа викани ниту на разговори, ниту пак беа осудувани, што впрочем гледаме дека денес кадри на ВМРО-ДПМНЕ не се изолираат од одговорност – доколку има доказ за истото. Така да, граѓаните да бидат спокојни. ВМРО-ДПМНЕ нема да оди по стапките на СДС и ДУИ, туку ќе оди по стапките на правдата и одговорноста. Не смее некој што сторил криминал да биде заштитен од страна на правосудството во државата, се посочува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Три од последните 5 соопштенија на СДС почнуваа со ИМАМЕ ЧУВСТВО ДЕКА…

Најнови вести од: Македонија

Средба на Гаши со поранешните претседатели на Собранието

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи од првиот состав на Собранието по независноста на државата

To top