Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Ленче Ристоска да не глуми и да не лобира кај наши функционери, поминаа времињата на СЈО!

„Ленче Ристоска која е навикната на подобноста од времето на Специјалното јавно обвинителство, мора да знае дека ова се други времиња и потребни се лица со интегритет, професионалност и одговорност да извршуваат функција на државен јавен обвинител.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму владејачката партија истакнува: Ристоска мора да е свесна дека има јасни критериуми за таа позиција и дека ако таа е навикната подобноста да е еден од нив, како што тоа беше во СЈО каде таа беше десна рака на Јанева, тоа овој пат не е случај. Ова се други времиња и потребни се интегритет, професионалност, одговорност. Дури и во Мамас како фирма примале лица со повисоки критериуми од критериумите кои ги практикувале при прием на кадри во СЈО.

Чудно е од друга страна пак што ист човек во својата приватна фирма (Мамас) да прима луѓе по одредени критериуми, а кога бирал за државно обвинителство примал луѓе кои беспоговорно го слушаат и без никакви критериуми. Инаку мора да сме искрени, подобноста е најсилниот белег и особина на Ристовска и нејзиниот неизбор е токму сигнал дека тоа овде не е пресудно, туку далеку поразлични и побитни критериуми.

И за крај порачуваме барем да биде реална и искрена, и додека говори јавно за подобност и критериуми, и глуми, барем да престане да лобира кај функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Не е ова СДС и СЈО. Тоа време помина. – наведува на крајот ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Најнови вести од: Македонија

Санкциониран возач на автобус, кој со неисправни сопирачки возел двојно повеќе деца од дозволеното

Министерството за внатрешни работи објави попладнево дека неговата мобилна единица санкционирала правен субјект, одговорно лице и возач на автобус со кој се врши јавен превоз на патници и во кој се утврдени неисправни сопирачки

(Видео): Потпишан меморандум за соработка меѓу ИНОВА и државните универзитети

Поддршка за иновациите, студентите, старт ап бизнисите, зголемување на конкурентноста на македонските компании. Ова треба да го овозможи соработка меѓу агенцијата ИНОВА и државните универзитети. Целта е поквалитетно високо образование и научна истражувачката дејност и подготовка на кадар кој ќе одговори на современите предизвици.

To top