Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Молкот на Филипче по навредливите изјави од Бугарија е срам и понижување за Македонија

Не само тоа, туку лидерот на СДСМ не се огради ниту од ставовите на членови од неговата партија, кои го негираат делото на Гоце Делчев и македонската историја

Речиси две недели Филипче избегнува јасно да ја осуди изјавата на бугарската министерка Петрова Чамова, која македонскиот народ го нарекува “северномакедонци”.  Венко Филипче нема достоинствен став и не застанува во одбрана на националниот идентитет, Филипче молчи за навредите, прави лични калкулации и продолжува со сервилност, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

Оттаму велат дека покрај тоа, лидерот на СДСМ не се огради ниту од ставовите на членови од неговата партија, кои го негираат делото на Гоце Делчев и македонската историја. Филипче не се огради од неговиот член на ИО Рубин Земон, кој за Гоце Делчев рече дека е мит и дека не направил ништо за Македонија.

„Филипче води политика на попуштање, понижување и отворање простор за нови уцени кон Македонија, само поради свои лични интереси за да дојде на власт.

Додека македонскиот народ очекува државнички став и црвени линии за идентитетот, јазикот и историјата, Филипче продолжува со тивка поддршка на наративите кои ја негираат Македонија.

Македонскиот идентитет не е предмет на преговори. Македонскиот јазик и историја не се тема за политички пазарења.

Секој политичар кој молчи пред навреди кон Македонија, директно ги охрабрува оние што сакаат да ја разнебитат државата и националното достоинство.

Македонија заслужува политичари кои ќе ја бранат државата, а не да молчат пред нејзините негатори“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

Хуманитарната трка „Трчаме со срце“ – 290 тркачи, едно срце и една повисока цел

Градскиот парк во Скопје на 19 септември пулсираше во ритамот на хуманоста, дружењето и спортскиот дух. На јубилејната СОС Хуманитарна трка powered by IT4Charity, 290 тркачи застанаа на стартната линија со една заедничка цел – да трчаат со срце и да дадат свој придонес за децата и младите на кои им е потребна поддршка.

To top