Македонија

ВМРО-ДПМНЕ на конгресот ќе усвои „Стратегија Македонија 2030“ под слоганот „Визија што гради држава“

ВМРО ДПМНЕ како партија повеќе нема долгови. Новите партиски структури ќе се градат до пролетта 2026 година.

ВМРО-ДПМНЕ в сабота во Кавадарци ќе го одржи 18. партиски Конгрес, на којшто ќе се избeрe претседател на партијата. Ќе се усвои конгресен документ „Стратегија Македонија 2030“ под слоганот „Визија што гради држава“. Документот ќе открие врз кои столбови ќе се темели политиката на партијата. „За првпат ВМРО-ДПМНЕ нема долгови како партија, немаме изложеност пред банки, за разлика од 2018 година кога не беше розово.“ – рече лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски.

Тој е единствен кандидат за избор како нов лидер. Мицкоски најави дека ова ќе биде негов последен мандат во партијата и потврди дека нема иницијатива за промена на партискиот статут, со која би се овозможило еден кандидат да биде избран повеќе од трипати за лидер. Тој очекува ова да биде најмасовниот конгрес на партијата досега. Се очекува да присуствуваат од 850 до 860 делегати и околу 1.800 гости. „Очекувам успешен конгрес, по кој ќе бидат појасни постапките во годините што следат.“ – посочи Мицкоски на денешната средба со новинарите.

Тој најави дека до крајот на годинава ќе го објави неговиот предлог за нов состав на Извршниот комитет на партијата. Целото партиско структирирање се очекува да заврши до крајот на март, или на почетокот на април 2026 година. Мицкоски најави реконструкција на Владата на Република Македонија во април-мај 2026 година. „ Со тие луѓе ќе се подготвуваме за следните парламентарни избори, кои би требало да се одржат пролетта 2028 година.“ – укажа Мицкоски, додавајќи дека се разгледува и можноста партијата да нема потпретседатели.

На Конгресот ќе биде усвоен и извештај за материјално-финансиско работење на партијата. Партискиот имот е замрзнат од 2017 година како дел од судски спорови.

Плусинфо

Најнови вести од: Македонија

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња” на нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња”, што се одржа во Стопанската комора

Судење за „Пулс“: Инспекторка утврдила нова фирма, но не направила нова контрола поради „немање влијание врз животната средина“

На денешното судско рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани сведочеше инспекторка за животна средина во Општина Кочани, која истакна дека во 2022 година утврдила оти објектот работи под друго правно лице, но не извршила повторен надзор бидејќи сметала дека станува збор за субјекти што немаат влијание врз животната средина

To top