Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM и Венко Филипче ја злоупотребуваат гостиварската криза за ширење паника

За ширење на лаги и манипулации за што и кривично се одговара – лани за пожарите, денес за водата

СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника. СДС продолжува со истата политика да шири паника кај граѓаните, дезинформации и конструкции.

СДС исто како со пожарите минатата година, денес ликува на водата. СДС и Филипче собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар – не нудат решенија туку креираат став и вознемиренозт кај граѓаните, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Наместо да придонесат со решенија и да покажат чувство за одговорност, повторно избираат да шират паника и да ја злоупотребуваат секоја актуелна тема за политички маркетинг. Граѓаните заслужуваат точни информации, транспарентност и институции што работат во нивен интерес, а не политички спектакли изградени врз шпекулации и сензационализам.

Брзата реакција на владините институции, ќе го реши проблемот во Гостивар во експресен период. Кадарот на Филипче и коалицијата во Гостивар предводена од СДС, ДУИ и Таравари, нема капацитет да ја води општината.

Потребно е сите политички чинители да покажат одговорност, особено кога станува збор за прашања што директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.

Наместо да се создава непотребна вознемиреност, јавноста треба да добива факти, а институциите да бидат оставени професионално да ја вршат својата работа, велат од партијата на власт.

Во уште едно соопштение, ВМРО-ДПМНЕ оценува дека опозициската СДСМ  го достигна дното за да ќари политички поен од граѓаните.

„Воајеризмот на СДС оди до немај каде. Лани за пожарите, годинава за водата, следната веројатно нешто друго.

Објавиле извештај стар година и пол, од февруари 2025 година за општина Велес, во село Сливник, место коешто не е поврзано со градскиот водовод.

До толку се очајни што срамот и воопшто го немаат.

Ваквото создавање на паника и хистерија со умисла е подлежно на кривична пријава.

Срам и очај поради лошите рејтинзи ги доведува СДС до ова дереџе.

Најнови вести од: Македонија

„Тиквеш“ ја лансира Lyxa, линија премиум македонски вињаци насочена кон извозните пазари

Винарска визба „Тиквеш“ ја лансира Lyxa, новата линија на одлежани вињаци која ги опфаќа Lyxa VS и Lyxa VSOP. Премиум жестоките пијалаци се еден од ретките сегменти во индустријата на пијалаци што сè уште бележат раст. Со Lyxa, „Тиквеш“ дополнително се позиционира во оваа категорија и го надградува своето портфолио Tikveš Premium Macedonian Spirits.

To top