Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ пак докажува дека им слугува на туѓи агенди

Од СДС знаат само да се трампаат или се подготвени да сторат се“, да дадат се“ што е државен интерес на Македонија само нив да им течат бизнисите

Социјалдемократскиот сојуз во секоја прилика покажува дека има капацитет само да се вклучи во сомнителни активности како актуелните кои се спроведуваат од бугарски служби, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.. 

„СДС никако да се надмине себе си, а ниту нејзините привезоци, да остане на страна од вакви активности на странски служби водени од очајот на политиката на официјална Софија, бидејќи ги нема нејзините традиционални партнери во надлежните институции во Македонија.

Сега ја нема СДС на власт чии функционери тераат бизниси во Бугарија и прават отстапки кои се штетни за Македонија само поради лични бизнис интереси.

Од СДС знаат само да се трампаат или се подготвени да сторат се, да дадат се што е државен интерес на Македонија само нив да им течат бизнисите.

Овие опасни по Македонија активности на официјални Софија во кои им помагаат лица од СДС следи по осуда на бугарските ставови во Европскиот парламент.

Бугарија доживеа пораз во Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент, познат како АФЕТ, па прво се активираше Апасиев, потоа Жерновски кој отиде до таму со ширење ужасни лаги за премиерот.

Но, туѓите агенди се прочитани.

Граѓаните добро знаат кој распродаваше се што е македонско за свои лични бизнис интереси.

Денес има Влада која се грижи за секој еден граѓанин и Влада која само работи во насока Македонија да оди напред“ се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од: Македонија

Кога сакаме да гледаме претстава, одиме во театар – рече Филипче за протестот на ДУИ

За претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денешниот протест за поддршка на лидерите на УЧК, е уште една од серијата смислени и изрежирани работи кои служат за дефокус од главниот проблем, а тоа се мигранти за пари.

Претставен преобјавениот „Абецедар – сто години потоа“ – сведоштво за постоењето на Македонците и македонскиот јазик во Егејска Македонија, во Грција

„Денес, во новата историска реалност ние, како Македонци, имаме неспорен и вреден историски документ од пред еден век, кој претставува директно сведоштво дека Грција во 1925 година планирала настава на македонски јазик за потребите на македонските деца во грчкиот образовен систем. Уште поголема важност на ‘Абецедарот’ му дава фактот што неговите автори се Грци по националност и што учебникот бил изготвен по налог на грчкото министерство за образование. Токму овие последни два неспорни факта треба да бидат нашите клучни аргументи пред светската јавност кога зборуваме и расправаме за македонското прашање, за правата на Македонците во Егејскиот дел на Македонија и за неисполнетите обврски на Грција и нејзиното отстапување да го признае постоењето Македонци на нејзинатата територија.“ – истакна универзитетскиот професор д-р Никола Жежов при денешното претставување на преобјавениот Македонски буквар „Абецедарот – сто години потоа“ (1925-2025).

To top