Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Секогаш кога правиме реформи, СДСM со сите сили ги блокира

Ако СДСМ е за реформи во правосудството, зошто не ги поддржа интерпелациите за Љупчо Коцевски и за Судскиот совет

Ако СДСМ е за реформи во правосудството, зошто не ги поддржа интерпелациите за Љупчо Коцевски и за Судскиот совет, праша ВМРО-ДПМНЕ.

Навистина е мачно да се гледаат СДС во нивната безидејност и дезориентираност. Ако се за реформи, зошто СДС не ја поддржаа смената на Љупчо Коцевски? СДС се за сѐ, само не се за реформи на правосудниот систем, затоа што и во судството и во обвинителството имаат свои луѓе кои ги штитат од одговорност за сторените криминали. Секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ прави реформи, СДС со сите сили ги блокира“, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат дека освен што го штителе Коцевски во Собрание, пратениците на СДСМ не гласале ни за интерпелациите на членовите на Судскиот совет.

За време на седумгодишното владеење на СДС и ДУИ, судии и обвинители се бираа во нивните партиски штабови во Струмица и во Зајас. Па, така, нивните избраници наместо за правдата и за народот, работат за кликата на СДС и ДУИ, а овие ги штитат од разрешување. Довербата од 2%, со последната пресуда условна казна, за случајот ‘Онкологија’, ја срози на нула. На судскиот систем, не само што му се потребни реформи на кои СДС се противи и ги блокира, туку тој е зрел за целосен ремонт“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ од друга страна го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека зборува за мачнина од судството, а не започнал ниту направил ниедна реформа.

Откако е на власт, Мицкоски не донесе ниту еден реформски закон за судството. Неговиот неспособен министер за правда од ЗНАМ за цела една година не спроведе никаква промена. Наместо ветените промени, Мицкоски го претвори правосудството во партиска филијала – со судии сопружници на негови градоначалници и роднини на неговите коалициски партнери. Мицкоски дури и одби заедно со СДСМ да ги донесе неопходните реформски закони, со што јасно покажа дека нема никаква намера да спроведе реформи во судството“, обвини СДСМ.

Најнови вести од: Македонија

Откриени бистите на Томас Златков и Александар Стојанов на Градскиот стадион во Кочани

Бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните навивачи на „Сејмени“ на Фудбалскиот клуб „Осогово“ во Кочани, а кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред речиси една година денеска беа откриени од страна на нивните пријатели и семејства

Работник починал по пад од висина во Скопје

Работник од кривопаланечко Герман починал по пад од висина во објект во изградба во Скопје. Настанот, како што информира Министерството за внатрешни работи, е пријавен вчера околу 16:30 часот во СВР Скопје, а 59-годишниот работник бил пренесен на Клиника каде околу 17:40 часот починал

МВР: Пријави за семејно насилство во повеќе градови – шест лица лишени од слобода, со две лица извршен службен разговор

На 13.03.2026 година во 21.37 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер Д.Б., со кого биле разделени, при што ѝ бил оштетен и мобилниот телефон

Најнови вести

To top