Македонија

Внимавајте кога фрлате ѓубре – од утре инспекцијата во обиколка низ метрополата

Инспекцијата во обиколка на Скопје. Граѓаните со поделени реакции по новата одлука на Град Скопје, да се забрани фрлање ѓубре во периодот од 22 до 6 часот. Дел од нив веруваат дека правилото конечно ќе донесе поголема чистота и ред, додека други сметаат дека промената е непотребна.

Од утре стапува на сила одлуката со која се забранува фрлање смет од 22 до 06ч. Прекршокот ќе ги чини скопјани 50 евра, додека за правни лица казните се од 1300 до 1800 евра но може да биде и повисока во зависност од типот на отпад. Инспекторите на Град Скопје ќе работат трета смена за да ги фатат на дело сите што ќе ја прекршат новата забрана за фрлање отпад по 22 часот.

Градските власти ја менуваат организацијата на оваа служба, а според информации на Сител, веднаш по утрешното објавување на одлуката инспекторите добиваат нов, поинтензивен распоред во тросменско работење. Во контролите ќе бидат вклучени сите градски инспектори и комунални редари.

  • Град Скопје има вкупно 40 иснпектори, 11 комунални инспектори и 10 комунални редари. Сите овие вработени ќе бидат распоредени за поголема контрола. Прекршоците ќе ги констатираат на лице место. Доколку наидат на веќе исфрлен отпад од поголеми размери кој ќе биде од поинаков вид од вообичаениот на домаќинствата, ќе се влегува во подетална контрола на правните лица, велат од Град Скопје.

Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека мерката е пред се насочена кон правните субјекти кои, како што тврдат, најчесто го одлагаат отпадот непрописно и во доцните часови. Контролите ќе ги спроведуваат комуналните инспектори на градот и општините. На почеток ќе следуваат само опомени, а подоцна и казни. Оваа забрана важи за контејнерите на јавните површини, но не и за индивидуалните домаќинства што користат канти. Повеќето држави од нашето опкружување и пошироко наместо забрани за ноќно фрлање отпад се фокусираат на негово селектирање и правилно одлагање.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top