Македонија

Внимавајте – многу пијани, лудаци и насилници деновиве на потегот Кичево – Охрид

Кај едниот случај биле констатирани 1,83 промили алкохол во крвта

Од најновото соопштение од СВР Охрид испратено од М-р Стефан ДИМОСКИ, портпарол на СВР Охрид дознаваме дека три лица во последниве 24 часа возеле без дозвола или пијани во регионот на Кичево.

На 01.05.2026 во 03:10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, на улицата „Рудничка“ во Кичево, од слобода го лишиле Т.Ќ.(18) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел астра“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа констатирале дека немал положено возачки испит и немал право за управување моторно возило. По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

На 01.05.2026 во 03:20 часот на улицата „11 септември“ во Кичево, лишен од слобода е И.Х.(33) од кичевското село Србица. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со кичевски регистарски ознаки и притоа кај него констатирале 1,83 промили алкохол во крвта. Тој веднаш е исклучен од сообраќај и одземено му е возилото. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

На 30.04.2026 во 00:50 часот, полициски службеници од ОВР Кичево, на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, од слобода го лишија С.А.(29) од гостиварското село Трново. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „смарт“ со гостиварски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа констатирале дека истиот, немал положено возачки испит и немал право за управување моторно возило. По насоки од јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297 а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“.

Дополнително Димоски објави дека на 01.05.2026 во 02:30 часот, Ѓ.Ј. од охридско село, во СВР Охрид пријавил дека на 30.04.2026 година, од семејниот дом се оддалечила неговата 16- годишна ќерка. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 30.04.2026 во 00:22 часот во СВР Охрид е пријавено дека Х.В. од Охрид, во семејниот дом бил агресивен кон членови на неговото семејство. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top