Македонија

Во Кичево поставен млекомат со млеко од кравите на манастирот Света Богородица Пречиста

На социјалните мрежи веќе почна дебата за судбината на млекоматот

За прв пат во Македонија и регионот во Кичево е поставен млекомат со млеко од кравите во манастирот Света Богородица Пречиста.

Млекоматот е поставен кај старата зграда на општина Кичево во непосредна близина на Јавното Комунално претпријатие.

 

Во млекоматот може во секое време да се купи свежо свежо, непастеризирано, без додатоци и конзерванси.

 

Млекото ќе биде доставувано, кравјо од манастирската фарма на манастирот Света Богородица Пречиста по цена од 100 денари за литар.

На социјалната мрежа Х поранешен Твитер каде беше објавена информацијата веќе почна дебата дали млекоматот ќе биде предмет на вандализам, дали идејата пропадне поради висока цена или млекото ќе се расипе поради жешкото време и високите температури.

 

Најнови вести од: Македонија

Lidl почна изградба на маркет во Гевгелија: Инвестиција што носи раст, нови вработувања и поддршка за домашните производители

Со свечена церемонија на поставување камен-темелник, Lidl официјално ја започна изградбата
на уште еден маркет во земјава. Овој продажен објект ќе биде лоциран во Гевгелија и е прв
маркет на Lidl во оваа општина, како дел од долгорочниот инвестициски план на компанијата во
Македонија.

(Видео): Кој беше Борис Трајковски, како загина и што ни остави?!

Покрај претседателот Борис Трајковски, во авионската несреќа животите ги загубија членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Годишнината од трагедијата денеска се одбележува во Скопје, родниот град на поранешниот претедател, Струмица, како и во Ротимље

Најнови вести

To top