Македонија

Во крајно проблематичен сегмент Македонија од пекол до ,,Скандинавски” резултат за 400 дена

Дури и припадниците на дијаспората сега можат на нормален начин без стрес со онлајн закажување да добијат термин за сликање за лични документи 

Во еден крајно проблематичен сегмент на работата на државната администрација Македонија дојде од пекол до ,,Скандинавски” резултати за само 400 дена.

 

По неколкумесечна криза која почна на средината на 2023 година а која владата на СДСМ и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски не можеа да ја решат, тимот на техничкиот министер а потоа и редовен министер за внатрешни работи од ВМРО-ДПМНЕ Панче Тошковски за нешто повеќе од една година го реши проблемот на стотици илјади македонски граѓани.

 

Сега термин за вадење на лична карта или пасош се добива за еден ден а нема никаков проблем истите да се добијат без метеж и нервоза.

 

Дури и припадниците на дијаспората сега можат на нормален начин без стрес со онлајн закажување да добијат термин за сликање за лични документи

 

Министерството за внатрешни работи овозможува онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта, информираше денеска МВР.

 

Термините се закажуваат на овој линк

 

https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request

 

Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7000 закажани термини месечно, а во текот на 2025 има над 4000 термини месечно или во просек речиси по 200 закажани термини на ден преку овој сервис.

 

Дополнително, МВР информира дека закажувањето термин преку редовните телефонски линии функционира беспрекорно и термин за редовна постапка се добива за еден ден.

 

072929292 (преку мобилен телефон)

0800 192 92 (преку фиксна линија)

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Народот што ги чува своите корени, јазик и култура секогаш има иднина

На свечената академија присуствуваше македонска владина делегација во која беа и вицепремиерот Иван Стоиљковиќ, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков.

Мицкоски: Новите мерки против пушењето ќе важат за сите, без исклучоци и повластени

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека новиот предлог-закон за пушење е подготвен по широк консултативен процес со сите засегнати страни и најави дека неговата примена ќе биде строго контролирана на целата територија на државата, без исклучоци и без повластени.

Нови финансиски детали: Колку заработува поранешниот премиер во егзил

Осудениот поранешен премиер Никола Груевски, кој веќе осум години живее во Унгарија, продолжува да остварува приходи преку својата приватна консултантска компанија, покажуваат официјалните финансиски податоци објавени од унгарскиот портал „444“.

To top