Македонија

Во Македонија се појави светло на крајот на тунелот (ВИДЕО)

Човечки и организациски а не природен феномен

Добро е кога на крајот од тунелот ќе се појави светло особено кога тоа се случува и во конкретен проект нпби на симболичко ниво како сигнал дека не е се така лошо односно дека работите се движат.

 

За Македонците особено е важно кога тоа се случува во Македонија.

 

,,Рано изутринава го пробивме претпоследниот од вкупно 15 тунели на железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка. Ова е вториот дел од градбата на пругата кон Бугарија.

 

Градбата на оваа траса изобилува со предизвици, а еден од поголемите се пробивањето и градбата на тунелите.

 

Прогресот на градбата на целиот проект не е на посакуваното ниво, но би го пофалил изведувачот за нивниот успех во градбата на тунелите.

Верувам дека и во другите сегменти од градбата за многу скоро од денес ќе почнат да бележат успех, објави вчера Синиша Ивановски, директор во Македонски железници.

https://www.facebook.com/share/r/17TKxfn9rj/

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Владата не се откажува од изградбата на дата-центри

Владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри, затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој потенцира дека Владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирањето и давањето грант за изградба на националниот дата-центар. Ако пристигне такво нешто, додаде, тогаш ќе може да го коментираме тоа.

Рокас: Лаен набргу во посета на регионот, за која се надевам дека ќе биде одлучувачка за евроинтеграцијата на земјата

Евроамбасадорот Михалис Рокас најави дека набргу претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, треба да го посети регионот и се надева оти нејзината посета ќе биде одлучувачки чекор кон почнување на пристапните преговори на земјата со Европската Унија.

To top