Македонија

Во СДСМ се случува досега невиден феномен

Политиколозите допрва ќе го анализираат овој случај што се случува за прв пат на глобално ниво

Во СДСМ се случува досега невиден феномен во кој висок партиски функционер презема политичка одговорност за одличен успех на локалните избори.

Денеска оставка од потпретседателската функција поднесла професорката Ана Чупеска блиска соработничка на лидерот Филипче и колешка на професорот Фрчкоски кој важи за идеолог на СДСМ.

Според Љупчо Златев,  уредник на Радио Лидер досега не се случило некој да преземе одговорност за успех на избори.

 

,,Оставката на Ана Чупеска е сигнификантен политички евент. Во современата политичка историја за прв пат се случува висок политички функционер да си поднесе оставка по една таква голема победа…”, пишува Златев.

Уште вечерта на изборите Чупеска тврдеше дека резултатите се катастрофални за ВМРО-ДПМНЕ а добри за СДСМ.

 

Десетина дена подоцна таа поднесува оставка во партијата.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): 25 години СОС Детско село – четврт век поддршка што менува животи

Под слоганот „Менуваме животи“, СОС Детско село одбележа 25 години постоење и работа во Македонија со јубилеен настан во Македонскиот народен театар, под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Признание за квалитет и гостопримство: „Limak Skopje Luxury Hotel“ е најдобар сместувачки капацитет за 2026 година

Добриот хотел е многу повеќе од адреса на која се престојува. Тој е место што го дефинира првиот впечаток за еден град, простор за деловни средби и одмор, но и место што остава трага долго по заминувањето. Токму затоа наградата „Најдобар сместувачки капацитет за 2026 година“ има посебно значење за Limak Skopje Luxury Hotel.

To top