Македонија

Во Тирана уапсен тројниот убиец од Сарај

Бесим Шерифи ќе биде екстрадиран во Македонија

Бесим Шерифи од Копаница, Сарај, осомничен за 3 убиства извршени во 2007 година, денеска е уапсен во Тирана.

„Станува збор за Бесим Шерифи (52), жител на Копаница, Сарај, Северна Македонија, кој подолг период се криел во албанската престолнина, користејќи фалсификувани лични документи на име на државјанин од Косово“, соопшти албанската полиција.

Според полицијата, по неколкумесечни истраги и потраги од страна на Дирекцијата на специјалната оперативна единица, осомничениот бил лоциран во реонот на Суво Езеро во Тирана, каде што бил уапсен, со цел да му се изврши екстрадиција. Тој е уапсен во рамки на 80-тата фаза од операцијата со кодно име „Оперативец“.

Проверките покажале дека по Шерифи е распишана меѓународна потерница од Интерпол Скопје, откако Судот во Скопје во 2007 година му изрекол мерка притвор за кривичното дело Убиство, кое според македонското кривично законодавство се казнува со доживотен затвор.
Шерифи се сомничи дека на 5 октомври 2007 година, во селото Копаница во Скопје, со огнено оружје убил 3 лица.

„При физичкиот претрес и претресот во станот, кај лицето се пронајдени и одземени еден косовски пасош, косовска лична карта и возачка дозвола, сите фалсификувани, со податоци за државјанин од Косово“, се наведува во полициското соопштение.

Се додава дека процедуралните материјали за кривичното дело Фалсификување исправа се упатени до Обвинителството при Основниот суд од општа надлежност во Тирана, за понатамошно постапување.

Во меѓувреме, Интерпол Тирана, во соработка со Интерпол Скопје, ќе ги продолжи процедурите за екстрадиција на Шерифи во Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top