Македонија

Возачот приведен, косовската полиција запленила возило со стока од Македонија

Без страв поминал на регуларен граничен премин

Возило со разна стока кое влегла од Македонија било запрено од страна на косовската полиција на територијата на Косово.

Возилото било запрено вчера а откако било утврдено за стоката  во вредност од над 2.000 евра нема соодветна документација таа била запленета.

 

Возилото е со косовски регистарски таблички, се за возачот постои сомневање дека имал цел во Косово без царина и други давачки да продава стока од Македонија.

 

Во возилото се пронајдени текстил, електронски уреди, спортска опрема и накит, за кои немало потребна документација.

 

Возачот е приведен, а стоката е конфискувана.

Најчитани статии

Како македонското правосудство да нема други проблеми

Извинувањето одбиено, Богојески на суд ќе ја превоспитува Најчевска

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Се намалува ДДВ-то на горивата од 18% на 10%, рече премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со владините мерки се очекува Македонија да има најниски цени на горивата во регионот, дури и во услови на глобален раст на цените. Тој посочи дека Владата очекува Регулаторната комисија да ја земе предвид донесената одлука за намалување на ДДВ од 18 на 10 проценти, со што нема да има значително зголемување на цените на бензините, а дизелот ќе се движи во рамки на предвидените пресметки.

Владата се спрема за кризна состојба поради скапото гориво – Ќе има мерки за да не поскапи струјата

Ќе се прогласи кризна состојба поради цените на бензините, дознава Експрес. Владата реагира откако проценила дека по најновите скокови на светската нафтена берза, би требало да се зголеми цената на дизелот за нови 10 денари по литар, а на безоловниот за 6 денари.

To top